Категории

Зошто се случуваат најмногу разводи во јануари?

Адвокатите откриваат дека во месец јануари разводите се најчести во споредба со останатите месеци од годината. 

Лора Везер е адвокат, која застапува познати sвезди на суд помеѓу кои нејзин клиент е и Анџелина Џоли. Таа тврди дека јануари со право ја носи својата репутација за месец на најмногу разводи во годината.

„Апсолутно е точно дека на почетокот на новата година, особено во првата половина на месецот, нашите клиенти најмногу доставуваат документи за развод. „Традиционално, во првата недела по празниците, во канцеларијата е најголема гужва“, вели таа.

Покрај тоа, Гугл Трендс наведува дека, помеѓу 6 и 12 јануари, повеќето луѓе го пишуваат зборот „развод“ во пребарувач.

„Потрагата по „прослави на разводот“ на „Пинтерест“ растеше за 21 процент од декември до јануари, две години по ред“, рече Свасти Сарна од управата на „Пинтерест“.

Везер истакнува дека последниот удар врз несигурниот брак може да биде зададен од стресни ситуации, како што се патувања или повеќе време кое што луѓето го поминуваат со членовите на семејството.

„На крајот на краиштата, многу клиенти заклучуваат дека со истиот партнер не сакаат да ја поминат истата работа следната година“, вели таа. Тој исто така верува дека желбата за промени во новата година ја забрзува одлуката за развод.

„Мислам дека сакаат да свртат нов лист во животот“, продолжува таа.
Повеќето клиенти дополнително сакаат да го поминат последниот Божиќ со своето семејство. „Никој не сака да им каже на децата на 21 декември дека нивните родители се разведуваат“, истакнува таа.

Прегледи:
394
Објавено на:
17.12.2021