Не прифаќаат компромиси кога се во прашање нивните стандарди и очекувања и знаат со кого сакаат да бидат
1.Не прифаќаат ништо помалку
Силните жени имаат високи стандарди и ако не им се допаѓа некој кој не ги третира како што заслужуваат, ќе се тргнаш од него веднаш. Не прифаќаат компромиси кога се во прашање нивните стандарди и очекувања и знаат со кого сакаат да бидат.
2.Не се плашат да кажат што мислат
Не се плашат да кажат некому дека погрешил или дека лаже. Затоа луѓето често мислат дека се застрашувачки. Секогаш ќе се залагаат за себеси и за другите.
3.Не им е потребен маж
Им треба љубов и внимание, но не им треба маж за да бидат потполни. Љубовта им е секогаш избор, а не нешто кое го прифаќаат поради стравот од самотија. Задоволни се со своите животи и љубовта е само шлаг на тортата а не потреба.
4.Знаат како на продолжат понатаму
Научени се даваат кога мораат. Никогаш нема да молат некого да остане со нив нити ќе молат за втора шанса. Самоуверени се и сигурни дека се ќе биде добро и дека ќе најдат некој подобар.
5.Не дозволуваат некому да му бидат една од опциите
Силните жени не толерираат некој да ги третира како опција, и да му бидат само една од жените со кои мажот излегува. Сакаат посветеност и искреност, и не прифаќаат ништо останато.
6.Не играат по правилата
Во љубовта или во животот – тие никогаш не играат на сигурно. Нивната храброст и гордост секогаш изненадуваат и никогаш нема да се колебаат да го побараат она што го сакаат.
7.Знаат како да се носат со одбивањето
Не се плашат дека некој ќе им каже Не, го слушнале тоа и порано и нема да ги натера да се откажат од своите планови. Интересно е што силните жени се соочуваат со многу повеќе одбивања затоа што секогаш го бараат она што го сакаат, не чекаат приликата да им дојде сама, и одбивањето само ги прави посилни и по мотивирани.
8.Поставуваат тешки прашања
Ги испитуваат мажите за се она што другите жени го избегнуваат, бараат да им се образложат ставовите и ги интересира каде води нивната врска. Бараат да го запознаат семејството на мажот со кој излегуваат, како и пријателите. Силните жени се страствени и љубопитни во сите аспекти од својот живот, а врските не се исклучок.
9.Веќе некој им го скршил срцето
Иако делуваат цврсто, во минатото биле заљубени и повредени. Од тоа извлекле поука, но сеедно не се откажале од љубовта. Сеуште можат да понудат многу љубов, само им е важно да знаат кога некој е вреден за тоа и не се работи за некаква игра.
10.Не бараат одобрување од другите
Не бараат потврда за својот успех, било да се работи за врска, работа или како да го живеат својот живот. Знаат дека вистинската личност ќе ги пронајде еден ден и чекаат да дојде тоа време. Не дозволуваат статусот на врската да ја дефинира нивната вредност.