Категории

Зошто сините очи се всушност сини?

Можеби сте се прашувале, но не сте се потрудиле да го најдете одговорот на овој феномен-сини очи. Зошто се тие сини и се рецесивна карактеристика кај секој од родителите? Но не само тоа, туку зошто истите ги има во најмногу нијанси?

Обоениот дел на окото, меѓу народот познат како шареница, во науката се вика ирис. Тој е составен од преден ограничувачки слој, строма, дилаторски мускул и епител, и најважно од се-има црни и кафеави пигменти. Стромата е составена од безбоен фибер.

Image result for blue eyes

Кај кафеавите влакна, фиберот содржи клетки со темен меланин. Тие клетки функционираат на тој начин што ја абсорбираат светлината и ја даваат кафеавата боја. Но од друга страна се сините очи, кои содржат безбојна строма која не содржи пигмент.

Related image

Фиберот, кој се содржи во стромата, ги распрскува примените светлосните зраци, а сината светлина се распрскува најефективно, а сината боја се рефлектира. Поради тоа, очите се всушност сини. Па затоа, сините очи се сини од истата причина што и океанот и небото се со таа боја.

Image result for blue skies

Освен тоа, причината поради која што луѓето со сини очи мислат дека тие се менуваат е поради тоа што тие навистина се менуваат во зависност од интензитетот на светлина. Затоа, постојат нијанси на сина во комбинација со сива, зелена и слична боја.

Image result for different blue eyes

Прегледи:
799
Објавено на:
25.01.2017