Солзите се подарок кој го добиваме со самото раѓање.
Солзите многумина ги перципираат како слабост или како нешто лошо. И тоа само поради уверувањето, во детството често сте слушале дека само слабите плачат.
Но, всушност солзите се лек. Солзите служат за ослободување на отпорот што го имаме. Солзите служат за исфрлање на целата негативна енергија што ја имаме во себе.
Секоја негативна емоција што ја чувствуваме, а не ја искажуваме останува во нас. Со самото тоа, таа се собира во нас и не дозволува слободен проток на енергија.
Секое задржување на негативната емоција долго време ќе влијае на нашиот организам, односно на нашето здравје. Првично, телото ни испраќа суптилни пораки во форма на болка или непријатност, сè додека тие пораки не станат посилни и посериозни до тој степен што ќе доведат до посериозни заболувања.
Затоа, добро е да ги изразите своите емоции на време. Кога ви се плаче, плачете. Не ја потиснувајте вашата емоција, затоа што секоја репресија доведува до болести. Секогаш кога не искажувате емоции навреме вашето тело ја чува таа количина на тага некаде во вас.
Затоа ви се случува да страдате многу и да попуштите и да се расплачете за ситница. А, всушност, на таа мала работа и претходеле многу други работи. Секоја болест се јавува како резултат на неизразување на емоции. Како мислите дека всушност се појавува депресијата? Тоа е од точно од овие причини.
Кога ќе се исплачете, чувствувате олеснување, се чувствувате подобро. Затоа што откако сте се исплакале, сте на поголема вибрација од порано. Вие сте им дозволиле на сите лоши чувства да излезат.
Слушајте го вашето тело кога ви испраќа сигнали. Кога некој ќе ве повреди и кога сте тажни, немојте да си кажувате дека сега ќе бидете силни. Прво исплачете се, изфрлете ја таа тага од вас и тогаш сте подготвени да бидете силни, а и ќе бидете.
Кога се чувствувате тажно, бидете тажни, дозволете си да се чувствувате така. Во ред е да се чувствувате тажно понекогаш, само е важно да научите да таквата состојба „ја прележите“ наместо да ја потиснувате.