Со почетокот на топлите сончеви денови, доаѓа и потребата од правилна и соодветна заштита на кожата од штетните влијанија на кои е изложена. Поголемиот дел од нас не се ни свесни за важноста од користењето на крема со заштитен фактор во секојдневието, па најчесто ја користат само за време на летниот одмор и потоа забораваат на неа. Иако сите го сакаме сонцето, треба да се заштитиме од него преку целата година, особено кожата на лицето која секојдневно е изложена на штетното влијание од него.
View this post on Instagram
Покрај многубројните докажани придобвки од користењето на озонирани производи врз кожата, за периодот кој следи особено ја издвојуваме кремата за сонце 50SPF на Озон Голд. Зошто токму оваа крема? Да ве потсетиме дека една од главните улоги на озонот е да ја штити земјата токму од штетните влијанија на сонцето. Па така, озонот преточен во крема за сонце ја има истата моќна заштита врз вашето лице. Ова е лесна крема со одлична текстура која не остава бели траги и наслаги и е создадена да обезбеди моќна и докажана заштита на кожата на лицето која спречува од појавата на несакани изгореници, хипермигментација, несакани дамки, рак на кожа како и предвремено стареење на кожата.
Озонираната крема за сонце на Озон Голд, не само што и дава комплетна заштита на кожата на лицето, туку и поради својата интензивна формула ја одржува влажна и свежа штитејќи ја од штетните УВА и УВБ зрачења. Оваа крема се нанесува 20 минути пред изложување на сонце. За најефикасна заштита, треба да се користи и по излегување од вода, потење или бришење со пешкир.
Ново лето значи нови предизвици, планови и цели. Но, пред да излезете од дома и да почнете да ги реализирате, погрижете се да ја обезбедите максималната заштита на вашето лице. Кремата за сонце на Озон Голд нека биде дел од вашите секојдневни ритуали, а многубројните придобивки од неа ќе ги забележите веднаш. Бидете здрави, имајте негувано лице и почувствувајте ја моќта на озонот наа вашата кожа!
View this post on Instagram