Категории

Зошто треба да се туширате со студена вода 5 минути – Отстранува стрес и помага во слабеењето

Самата помисла на студена вода кај повеќе предизвикува чувство на ежење и непријатност, особено кај нас на нашите простори каде што е врежано мислењето дека од студената вода човек може да се разболи. Но всушност туширањето со студена вода донесува повеќе придобивки отколку што е штетно..

Истражувањата ги демантираат мислењата дека студената вода штети на здравјето, наместо тоа таа ја поттикнува циркулацијата и го подобрува расположението, а го подобрува и имунитетот.

1.За подобро расположение
Кога сме изложени на студена вода, се активира нервниот систем. Телото ослободува енфорфин со цел да може да се носи со шокот поттикнувајќи чувство на еуфорија. Кога нивото на ендорфин е високо, чувствуваме помалку болка и помалку негативни ефекти на стрес. Туширањето со студена вода околу пет минути, еднаш до два пати дневно покажало дека помага во ублажувањето на симптомите на стрес.

2.Го намалува ризикот од дебелеење
Ние воглавно знаеме дека нашето тело поседува бело масно ткиво, но постојат и кафеави масти односно масно ткиво кои се активира при ниски температури. Тоа го разградува шеќерот во крвта (глукозата) и масните молекули, согорувајќи калории со цел да создаде топлина и да помогне во одржувањето на телесната температура.
Високата активност на кафеавите масти го намалува нивото на аминокиселини во крвотокот, покажува студијата објавена во магазинот Nature found, истакнувајќи дека кафеавите масти го забрзуваат метаболизмот смалувајќи го ризикот од дебелеење.

3Ја подобрува хидратацијата на целото тело
Кога студената вода ќе допре до кожата, крвните садови се стеснуваат и ја пренасочуваат крвта. Тоа поттикнува таа да циркулира со брз интензитет со цел да се одржи оптималната телесна температура. Тоа ја подобрува хидратацијата на целиот организам.

4.Го зајакнува имунолошкиот систем
Уште еден начин на кој студената вода влијае на крвотокот е со стимулирање на производството на леукоцитите, кои помагаат во борбата против инфекциите и во градењето на отпорноста на вообичаените болести. Се покажало дека студеното туширање наутро – дури и само 30 сеунди после вашето вообичаено туширање смалува појава на болести за третина.

5.Помага во отпорноста на стрес
Голем дел од нашите секојдневни активности се фокусирани на избегнување на било какви непријатности. Туширањето со студена вода не само што ја подобрува отпорноста на стресот туку и влијае врз менталната цврстина. а некои тоа е медитативно исксутво и силен потсетник дека не мора да реагира на секоја емоција која ја чувствувате. Студија од Универзитетот Charles открива дека луѓето се тушираат со студена вода, имаат ниско ниво на стрес.