Категории

Зошто зафатените мажи гледаат други жени?

Дали се само љубопитни или нешто им недостасува во моменталната врска?

Ако ги прашате нив, ќе ви кажат дека нема место за љубомора. Сепак, ретки се жените на кои им е сеедно кога ќе забележат дека погледот на нивниот маж бега кон други жени. Тоа би можело и да им ја наруши самодовербата.

Не се необични ни прашањата кои би можеле да почнете да си ги поставувате сами на себе… Дали тој размислува за девојката со која се разминавме и подоцна? Дали го привлекува? Дали тоа значи дека јас не сум му доволна?

Доколку се одлучите сепак да го прашате мажот за мислење, тој ќе ви каже дека непотребно паничите. Тоа што понекогаш погледнува во насоката на други жени не значи дека и фантазира за нив. Токму спротивно. Во рок од една минута веројатно веќе нема ни да се сеќава на неа.

Тие размислуваат на сосема друг начин па тоа што се во врска или брак не го гледаат како препрека и понатаму да ја доживуваат убавината покрај себе. Сепак, треба да бидете свесни дека доколку ве избрал вас, само вие сте му важна на крајот од денот.

Прегледи:
598
Објавено на:
27.05.2019