Категории

Зошто бебињата прво го кажуваат зборот „мама“

Поимите со кои се означуваат родителите во голем број јазици се составени од гласови или слогови кои се повторуваат, па сосема е логично што токму тие се првите зборови кои детето ги кажува. На голема радост на мајките, првиот збор кој бебето обично го изговара е „мама“, а нешто поретко „тато“.

Научниците сега имаат објаснување и зошто тоа е така. Во еден експеримент докторите на бебиња постари од два или три дена им пуштале снимки со измислени зборови, од кои некои во последните два слога имале исти самогласки, на пример „мубаба“ или „пенана“, а некои различни, на пример „мубаге“ и „пенаку“.

Експериментот покажа дека мозочната активност кај бебињата расте кога слушаат зборови, кои во крајните слогови имаат исти самогласки, додека кај зборовите со различни самогласки не е регистрирана активност.

Од тоа заклучуваме дека човечкиот мозок во првите денови очигледно полесно ги препознава звуците кои се повторуваат по едноставен образец.

Значи,зборовите „мама“ и „тато“ во поголем број јазици имаат едноставна гласовна структура и на нив бебињата реагираат од самото раѓање.

Прегледи:
1131
Објавено на:
10.01.2016