Категории

Ѕвезди на кои им кажале дека се премногу “грди” за Холивуд

Гледајќи ги ѕвездите од Холивуд, многу често кај жените се јавува несигурност во врска со нивната убавина, но тоа е случај и со талентираните ѕвезди кои многупати биле мета на критика заради нивниот изглед. Можеби е тешко да се замисли, но на некои од најуспешните актерки во шоубизот на почетокот им било кажано дека не се доволно привлечни за да стигнат до Холивуд. Еве неколку славни личности кои докажаа дека не се во право со проценката.

Мерил Стрип

Таа е најноминираната актерка за Оскар на сите времиња, но на почетокот на кариерата, Мерил Стрип не го привлекуваше целото внимание околу себе. На “Греам Нортон” шоуто, ѕвездата се потсети на аудицијата за Кинг Конг во 1976 година. Продуцентот Дино Де Лаурентис го запрашал својот син на италијански јазик: “Зошто ми го донесовте ова грдо суштество?”На што Стрип одговорила со течен италијански јазик, “Жал ми е што не сум доволно убава за да бидам во Кинг Конг”.

Сара Џесика Паркер

Сара Џесика Паркер засекогаш ќе биде позната како модната икона “Кери Бредшо” од култната серија “Сексот и градот”, но и покрај докажаната актерска кариера, Паркер сеуште се соочува со критики на сметка на својот изглед. “Максим” дури ја прогласил за најнепривлечната жена која постои во 2008 година.

Криси Тајген

Супермоделот Криси Тајген во минатото била отстранета од фото сесија поради својата дебелина. Откако ја најмиле за сесијата, впечатокот во живо за нив бил разочарувачки. Тајген потоа ја красеше насловната страница на “Спорт Илустрејтед”, а денес е сопруга на познатиот музичар Џон Леџенд, но тоа непријатно искуство од брендот за облека сеуште го памети.

Винона Рајдер

Кога мислиме на прекрасните актерки од 80-тите и 90-тите години, една личност сигурно ни доаѓа на ум, а тоа е Винона Рајдер, но и таа имала грубо искуство во Холивуд, особено кога започнала. “Се сеќавам на еден пат, во текот на аудицијата, а јас бев во средината на реченицата кога директорот на кастингот рече:” Слушај, дете, ти не треба да бидеш актерка, не си доволно убава.”, изјави таа за магазинот Интервју. Рајдер вели доколку немала поддршка од своите родители, зборовите на режисерот ќе ја срушеле и ќе се откажела од свите соништа. “Имав околу 15 или 16 години кога се случи тоа”, вели таа.

Прегледи:
406
Објавено на:
11.08.2017