Категории

10 факти за Јужна Кореја кои го зачудуваат остатокот од светот

Некои навики кои се сосема нормални и секојдневни во Кореја за остатокот од светот изгледаат многу чудни и невообичаени. Секоја земја има свои обичаи и традиции, како и стил на живеење, а ова се најинтересните факти за Јужна Кореја.

Државна помош за бремените жени

 

Владата на Јужна Кореја и дава специјална кредитна картичка на секоја бремена жена која изнесува 500$ која може да ја искористат за во иднина за потребните медицински испитувања и третмани, а покрај тоа добиваат и низа други поволности како што е посебното столче во метрото за трудници.

Овде е сосема нормално да се дегустира храната во супермаркетите

 

Во супермаркетите во Јужна Кореја е сосема нормално да дегустирате и консумирате неограничена количина на храна и никој тоа не го контролира и никој нема да ви замери за храната која сте ја изеле.

Кореанците сакаат да подаруваат и да добиваат практични подароци

 

 

Кореанците веруваат во подарувањето практични подароци повеќе отколку некои апстрактни подароци. Особено храната е најзначаен подарок за нив. Најразлични видови на кошници полни со храна може да се видат во супермаркетите за време на празниците.

Облеката на ТВ водителите

 

Во Кореја ТВ водителите веруваат во носењето традиционална облека за Нова година. Тие се горди кога ќе ја завршат старата и ќе ја започнат новата година во традиционална облека.

Униформите на децата во градинка

 

Секоја градинка во Кореја има различна боја на униформи сѐ со цел кога трчаат низ паркот и се мешаат со другите деца, да не може да се изгубат во гужвата.

Црквите во Кореја 

 

Црквите во Кореја им даваат мали, но убави подароци на верниците. Тие организираат и посета на стоматолог и фризер за нив. Ова се едни од најпосетените цркви во светот.

Паровите носат слични облеки во Јужна Кореја

 

Паровите не сакаат да ја кријат својата љубов еден кон друг и веруваат во носење слична облека. Носејќи исти или слични парчиња, им покажуваат на другите дека се заедно и дека се сакаат.

Искажување благодарност

 

Во Јужна Кореја родителите на учениците имаат уникатен начин на покажување на својата благодарност кон учителите. Тие им подаруваат шолја кафе или слатки.

Тематски метроа

 

Сите кабини во метроата се тематски исцртани со некои цртани јунаци, заедно со нивни статуи.

Има малку канти за отпадоци и многу тоалети

 

Постојат многу малку канти за отпадоци во Јужна Кореја бидејќи луѓето се многу чисти и уредни. Но, постојат многу тоалети. Секоја станица и секој парк има тоалети во Јужна Кореја.