Категории

10 генијални изјави на Моника Белучи за успехот, љубовта и среќата

Не само што е убава, туку од неа може и многу да се научи. Нејзините зборови ќе ве инспирираат и ќе ве насмеат.

За балансот

Не знам дали балансот кој го постигнав е идеален. Не снимам и не работам постојано. Затоа не брзав да родам деца сѐ додека не бев спремна за тоа. Се обидувам да го организирам својот живот според своите потреби. Не сакам работата да ми биде приоритет, бидејќи децата ми се најважни.

За храната

Знам дека не би требала да јадам леб и тестенини. Но, што да правам. Мразам забрани. Понекогаш ви е потребно малку задоволство, зар не? Штетно е секако. Но, уште поштетно е да се откажете од сѐ. Јас јадам сѐ но најмногу сакам италијанска храна.

За убавината

Што значи да се биде убава? Не се работи за биологија… женственоста е одраз на вашиот живот и искуства.

За годините

Не би сакала да имам дваесет за ништо на светот. Сега сум многу посреќна од тогаш. На дваесет учев, се обидував да сфатам што сакам да бидам, патев од несигурност. Сега точно знам што е она што ми треба, и без што не можам да живеам.

За зависта

Не ги мразете луѓето кои се завидни, бидејќи тие препознаваат дека сте подобри од нив.

За идеалите

Мора да се опуштите. На крајот на краиштата, кои сме ние: луѓе кои се обидуваат да одржат рамнотежа на топка, која сама се врти со страшна брзина, патувајќи низ Универзумот. Кој може да биде совршен во вакви услови?

За личната среќа

Се чувствувам среќно во своја кожа. И тоа не е затоа што сум убава. Знам многу убави луѓе чиј живот е ужасен. Јас сум среќна личност, затоа што пронајдов внатрешен мир.

За хармонијата

Убавината би требало да ни помага да пронајдеме хармонија, љубов и смисла во овој луд свет.

За диетите

Ако се подготвувам за улога за која морам да изгубам тежина, јас тоа можам да го направам. Јадам месо, риба и зеленчук и веднаш губам тежина. Но, понекогаш се подготвувам за улога во која треба да добијам тежина, и можам да ви кажам ваквите улоги повеќе ги сакам.