Категории

10 интересни факти за смеењето кои ќе ве насмеат!

Дали сте знаеле дека насмеаните личности луѓето ги доживуваат како посимпатични, подостапни, поубави и потопли?

Најверојатно го знаете тоа, но покрај сите проблеми кои ни ги носи животот, понекогаш е тешко да ја развлечете насмевката на лицето и да се фокусирате на среќни мисли.

Овие интересни факти сигурно ќе ве поттикнат да се смеете малку почесто, а впрочем знаете како велат – среќните луѓе се најубави.

1. Според истражувањето кое го спроведе “American Academy of Cosmetic Dentistry” дури 65% од луѓето сметаат дека насмевката е клучен елемент за привлечност кај личностите од спротивниот пол.

2. Тажната бројка 20 го означува просечниот број на насмевки во денот на една возрасна личност.

3. Психологот Пол Екман 1993 година, откри дека развлекувањето на усните во насмевка навистина нѐ прави посреќни.

2

4. Насмевката е заразна, тврдат научниците. Ако личноста со која зборуваш се смее, и ти ќе се насмееш. Поентата – опкружи се со весели луѓе, а ти биди личноста која ќе ги направи среќни.

5. Уште едно истражување покажа дека 70% од луѓето со насмеани лица биле прогласени за поубави, без оглед на реалната атрактивност на личностите од фотографиите.

6. Смеењето може да го намали крвниот притисок, па е здраво за тебе.

3

7. Кога се смееш работат 26 мускули на лицето, што е одлична вежба.

8. Научниците открија дека постојат 19 типови на насмевки.

9. Жените се смеат повеќе од мажите.

10. Насмевката е универзален знак за среќа и прифаќање, која ја разбираат сите луѓе во светот. Немој да ја криеш!

Прегледи:
764
Објавено на:
03.06.2016