Категории

10 изненадувачки факти за вашето тело кои сигурно не сте ги знаеле

Сигурно мислите дека го познавате своето тело вистина добро, покрај се вие сте тие кои се грижите за него, го негувате, вежбате, се храните здраво, го огледувате во огледало, но дали знаете дека вашето тело има способност за дигестија на метал? Или дека секој пат кога ќе трепнете вие всушност дремнувате за една милисекунда? Или дека вашиот најмал прст е најсилниот прст? Да, сето тоа е вистина!

Подолу ви откриваме 10 нешта за кои сме сигурни дека не сте ги знаеле кога е во прашање вашето тело.

1. Едно трепнување претставува дремка од милисекунда

Сигурно сте мислеле дека трепкањето всушност служи за да се навлажнат очите и да се избегне влегување на нечистотии и прашина во нив. Тоа е секако најпознатата причина за трепкањето, но научниците од универзитетот во Вашингтон докажуваат дека трепкањето е всушност дремка од милисекунда која помага да се сконцентрирате и подобро да се фокусирате. Исто како и попладневната дремка после долгиот напорен ден која ви е неопходна да ја наполните вашата енергија за да можете да се сконцентрирата на остатокот на вашите обврски.

 

2. Големите очи предизвикуваат кратковидост

Големите очи повеќемина ги сметаат за убави, но оние кои имаат големи очи поголема е веројатноста да добијат кратковидост отколку оние кои имаат помали очи. Оваа ретка појава е наречена миопија која предизвикува подалечните објекти да изгледаат матно се појавува поради неправилното влегување на светлината во мрежницата.

3. Влакната имаат осет за вкус

Носните отвори и белите требови се пропратени со ситни влакненца кои откриваат и бришат нечистотии. А како го откриваат тоа? Чувствувајќи горчлив вкус на нештата кои поминуваат низ нив, како на пример никотинот. Кога овие влакненца ќе вкусат нешто горчливо, тие го зголемуваат својот степен на движење обидувајќи се да ги озбришат нечистотиите.

4. Невозможно е да се скокоткате самите себеси

Сигурно веќе ова го знаете, но зошто е тоа така?
Пределот на задниот дел на вашиот мозок кој е задолжен за движењето ја предвидува сензацијата која ја чувствувате кога се обидувате да се скокотнете самите себеси, собирајќи ја информацијата и предупредувајќи го телото за движењето.

5. Стомачните киселини можат да разложат жилети

Секако дека овие нешта не смеат да бидат голтнати но веројатно би биле изненадени кога би дознале дека вашиот стомак може да предизвика сериозна штета на жилет доколку тој се најдед внатре во него. Ефектите на гастроналната течност влијаат врз металот и можат да го разложат за околу 24 часа.

6. Кога ќе кивнете, воздухот може да патува до 6 метри

Сигурно мислите дека сте безбедни кога некој спроти вас ќе кивне, но она што не го знаете е дека она што се испушта во текот на кивањето може да патува до 6 метри, а вие сте незаобиколлива цел.

7. Како што стареете, губите скоро една третина од вашите коски

Човекот се раѓа со 300 коски, но како што растите некои од овие коски се поврзуваат и до моментот кога растењето застанува во вашето тело има вкупно 206 коски.

8. Вашата коса знае кога вие спиете

Уште еден луд факт за кој сигурно не сте слушнале претходно.
Според истражувањата на универзитетот Јамагучи, вашата коса ги знае часовите на будење и заспивање. Ако се разбудите подоцна или ако си легнете порано, вашата коса ќе го покаже тоа.

9. Секој човек има уникатен отисок од јазикот

Исто како и вашите отпечатоци од прстите, секој човек поседува уникатен отпечаток од јазикот.

10. Луѓето се единствените кои плачат

Иако и животните лачат солзи кои им помагаат за навлажнување на очите, луѓето се единствени кои плачат од како емоционален рефлекс открива др. Томас Диксон, од универзитетот во Лондон.

 

Подготви: Кукла од Памук

 

Прегледи:
561
Објавено на:
31.08.2019