Во денешно време ретко кој не користи Фејсбук, бидејќи тој може да биде навистина корисен кога треба да се информирате за настаните што се случуваат, да се договорите со поголема група луѓе, да ги добиете потребните материјали за испит и да останете во контакт со луѓето од странство кои сте ги запознале на одмор. Сепак, малкумина знаат да го искористат целиот потенцијал на оваа социјална мрежа. Да погледнеме кои се помалку познатите опции со кои Марк Закерберг ја збогатил оваа негова револуционерна креација.
1. Прочитајте ги скриените пораки
Малкумина знаат дека Фејсбук всушност има две сандачиња за пораки. Второто е наменето за пораките што стигнуваат од луѓе со кои не сте пријатели на Фејсбук. Ако до сега не сте знаеле за второто сандаче, најверојатно имате пропуштено некои покани за различни настани од поранешни колеги и соученици (или сте се поштедиле себеси од читање пораки од непознати луѓе кои го прогонуваат вашиот профил). За да ги прочитате овие пораки, кликнете на икончето „Пораки“ потоа на „Барања за пораки“ и стиснете на „See filtered requests“.
2. Проверете од каде сте се логирале
Ако се прашувате дали сте се одјавиле од компјутерот на вашиот пријател, можете да кликнете на малата стрелка за надолу во горниот десен агол од екранот. Одберете „Поставки“, стиснете „Безбедност“ од листата на лево и потоа одберете „Каде си најавен“. Сега можете да ги следите сите пребарувачи од каде што сте најавени. За да се одјавите од кој било од нив, одберете „Запри активност“.
3. Бидете сигурни дека никој нема да може да ви „влезе“ на Фејсбук
Ако се сомневате во безбедносниот систем на Фејсбук, можеби опцијата „Одобрување најава“ во делот „Безбедност“ ќе може да ви помогне. Благодарение на овој систем секогаш кога некој ќе проба да се најави на вашиот профил од непознат прелистувач, ќе мора да внесе соодветна лозинка. Ако сакате да се најавите од прелистувач што не сте го користеле претходно, ќе мора да ја употребите лозинката што ќе ви биде пратена преку порака на вашиот телефон.
4. Одберете пријател кој ќе биде одговорен за вашиот профил
Сте се запрашале ли што ќе се случи со вашиот профил на социјалната мрежа ако не сте во можност да го користите повеќе? Фејсбук нуди можност да одберете човек кој ќе биде одговорен за вашиот профил доколку ви се случи несреќа. Кликнете на „Доверливи контакти“ од делот „Безбедност“. Доверливите контакти нема да можат да објавуваат или да „четуваат“ во ваше име. Нивната работа е да ја менуваат вашата слика на профилот и да одговараат на понудите за пријателство.
5. Како да се справите со носталгичноста?
Понекогаш сите сакаме да се потсетиме на некои стари смешни фотографии или стари разговори со нашите најдобри пријатели. За да го направите ова не треба да „скролате“ надолу, доволно е да кликнете на икончето со три точки на профилот на вашиот пријател и да стиснете „Види пријателство“.
1 2