Категории

10 креативни бизнис инстаграм профили

Маркетингот не е само важен дел од бизнисот – маркетингот е бизнис! Доколку не постои продажба, не постои ни бизнис. Она што е особено важно да се сфати е фактот дека маркетингот не само што ја задоволува побарувачката и потребата на потрошувачот, тој всушност помага при нивното креирање, а сето тоа започнува кога ќе се разбере потенцијалот на потрошувачот. 

За да се разберат потребите на потрошувачот пак, потребни се бројни истражувања, анализи и методи кои воопшто не е едноставно да се применат соодветно за да се постигне посакуваниот ефект – одлична продажба на производот.

Во продолжение издвоивме компании од различни сфери на нашиот пазар, кои совршено прикажуваат колку важна улога има маркетингот за развојот и одржувањето на квалитетот на секоја компанија.

1. @revija.skopje

  • Ентериер кој е препознатлив и уникатен, како во внатрешниот дел така и на надворешната тераса
  • Секојдневен, но интересен пристап кон промоција/приказ на менито
  • Амбиент кој истовремено е луксузен и релаксирачки, па поради тоа совршен и за одмор и за работа заменувајќи ја вашата канцеларија
  • Постојано надополнување со професионални фотографии од менито кои сликовито го доловуваат квалитетот и големиот избор на храна и пијалаци

2. @nuhouseandfriends

  • Oдличен пример за креативност и љубов во создавањето на слатки производи во комбинација со Нутела
  • Дизајни кои изобилуваат со креативност надополнети со реченици кои ќе ве натераат веднаш да вкусите некоја од палачинките во NU HOUSE.
  • Секогаш прикажуваат нешто ново и ве држат во неизвесност до објавата на следното слатко задоволство.

3. @allikas_skopje

  • Фотографии и видеа кои комплетно ја пренесуваат романтичната атмосфера за најубавите моменти.
  • Поради мултифункционалноста на просторот кој дозволува покрај свадби, тука да се организираат и секакви свечености и деловни состаноци, се создава голем простор за рекламирање на настаните од различен вид. Во овој случај, целта е постигната, а Аликас за кратко време стана препознатлив бренд.
  • Фотографиите и видеата кои се објавуваат на инстаграм профилот на Аликас се вистински одмор за очи поради естетиката, среќата и љубовта која е доловена на нив.

4. @knizarnicakultura

 

View this post on Instagram

 

Култура подарува! 🎁🎁🎁 Добитник на #РОМАНИЈАДА – конкурс за најдобар роман меѓу младите неафирмирани македонски автори, е #МиланаМитовска со нејзината „Јас ќе бидам поет, а ти мојата ПОЕСИА“! За да бидеш еден од среќните добитници: ➡️Лајкни,следи и напиши го твоето име на оваа објава! Наградната игра трае до 06.10.2018 година, а добитниците ќе бидат објавени веднаш по завршување на истата! Бидете секогаш #ВоСветотНаКнигите

A post shared by Издавачка куќа Култура (@knizarnicakultura) on

  • Книжарницата Култура претставува едно од главните одбележјата на Скопје, сведок на многу периоди од градењето на Скопје, но секогаш е во чекор со времето и најновите методи кои се применуваат во маркетингот.
  • Љубовта кон пишаниот збор е нешто што се негува, но бидејќи живееме во време на интернет експанзија и електронска комуникација, доколку го погледнете инстаграм профилот на Култура нема да останете рамнодушни на богатата понуда и сигурно ќе ве заинтригира некој извадок од книгите.
  • Дизајни кои се соодветни на производот што се продава, кои ве предизвикуваат да влезете во светот на книгите.
  • Користење на моќта на социјалните медиуми, преку најразлични наградни игри како мотивација за читање и ширење на љубовта кон книгата.
  • Преку користење на опцијата „стори“ на инстаграм профилот на среќа.мк, се овозможува поголема продажба на книгите, а ова е особено популарно секоја среда кога одредени книги се со намалени од -40% во книжарницата и онлајн.

5. @jake.vitamincandy

  • Преку фотографиите и пораките, се доловува изобилието од природни вкусови на најдобрите витамински бонбони.
  • Дизајни кои соодвестуваат со производот кој се продава, надополнети со силни бои и креативни идеи кои го привлекуваат вниманието.

6. @staroceanrestaurant

 

View this post on Instagram

 

Рибата во кинеската кујна е специјалитет на кој му се придава големо значење бидејќи симболизира просперитет. 🐟 Нашата кујна е традиционална северокинеска кујна каде готвачите се вистински виртуози во начинот на спремање на свежа риба, токму затоа и ви предлагаме свеж крап. ❤️ Крапот се спрема на начин што претходно се вари на пареа во специјален сад, а потоа се пропржува во вог тава однадвор многу краток период, а надворешно се прелева со сос и зеленчуци по желба на гостинот. Може да биде во лут сос, во слатко кисел сос, солен или во луто слатко кисел сос. Месото од рибата внатре е меко и сочно. За овој специјалитет е задолжителна претходна резервација. #chinese #kineskirestoran #starocean #skopje #chineserestaurant #chinesefood #chinesebread #скопје #инстаграм #инстагурман #фотонанеделата #фотонаденот #храна #foodlover #food

A post shared by Star Ocean Chinese Restaurant (@staroceanrestaurant) on

  • Она што е карактеристично за ресторанот за кинеска храна Ѕвезден океан е успехот во приближувањето до македонскиот народ на азиската кујна.
  • Фотографиите на кои е доловена разновидноста во менито, ве тера да вкусите и некоја најнеобична комбинација која досега не сте ја слушнале.
  • Се става акцент на здравата исхрана која е составен дел од менито во кинескиот ресторан, проследена со интересни факти за намирниците кои се користат.
  • Приближување до азиската култура како со амбиентот, така и со храната која се нуди.

7. @lumierevilla

  •  Фотографии кои го доловуваат амбиентот на луксузните апартмани.
  • Сликите даваат романтично и магично чувство. Боите што ги користат ги одмораат очите и ги привлекуваат посетителите да го посетуваат нивниот профил, а и нивните апартмани.

8. @kopce.skopje

  • Сосема поинаква продавница каде што луѓето ќе можат да купуваат облека од втора рака, сочувана, уникатна и по прифатливи цени.
  • Истакнување на хуманоста и подигнувањето на свеста кај секоја единка, преку пораки, текстови и познати личности кои даваат поддршка, каде што се става акцент на човечноста, помошта и грижата за другиот.
  • Преку најразлични хуманитарни акции, проследени со фотографии и текстови се прикажува важноста на Копче за општеството и вистинските вредности.

9. @zito.integral

  • Кога ќе го погледнете инстаграм профилот на Жито Интеграл, не м оже да не ја забележите креативноста во објавите, а воедно да добиете идеја за следниот оброк.
  • Покрај најразличните фотографии во комбинација со лебовите од Жито Интеграл, профилот е надополнет и со илустрации/цртежи кои претставуваат несекојдневна идеја за одлична реклама на производ.

10.@astera_loungebar

  • Секојдневни акции на оброци и специјалитети по намалени цени кои се објавуваат на социјалните мрежи и предизвикуваат големо внимание и заинтересираност поради одличната услуга и квалитетна храна.
  • Мултифункционален објект за целото семејство. Овој концепт одлично се прикажува преку можноста додека го јадете вашиот оброк, детето да биде во игротеката која е дел од Астера и да се забавува со другите деца, а за да бидете сигурни во нивната безбедност имате видео надзор каде што можете постојано да го набљудувате.
  • Кога ќе го погледнете инстаграм профилот на Астера, ќе ја добиете вистинската слика – дека тоа е угостителски објект за сите возрасти.

Иако станува збор за сосема различни производи и услуги, кои се на уникатен начин презентирани, сепак, она што е заедничко за сите нив е маркетинг компанијата која стои позади нив.

Happiness.marketing е компанија во која ги добивате сите овие маркетинг услуги во еден пакет, соодветно адаптирани според потребите на брендот. Составена е од млади креативци, професионалци и ентузијасти, со голема доза на искуство во полето на односи со јавност, маркетинг, комуникации, креативно пишување. Доказ дека тоа е така е довербата од сите овие клиенти и многу други кои ја избраа токму Happiness.marketing за своја маркетинг компанија.