Категории

10 лекции од Софија Лорен: Како треба да изгледа фаталната жена?

Сѐ уште е една од најпознатите симболи за убавина уште од златното доба на Холивуд, а својата ѕвездена кариера ја започнала уште во 1950 година кога имала само 16 години.

Софија Лорен е родена на 20 септември, во Рим, далечната 1934г. Светската слава ја стекнала во ’60-тите, а се прослави откако доби Оскар за улогата во драмата “La Ciociara” и со тоа станала првата оскаровка од неанглиско подрачје.

Нејзината исклучителна убавина е прв пат воочена додека била мала девојка. На 14 години победила на локално такмичење за убавина, а две години подоцна на такмичењето за Мис Италија ја освоила титулата “Miss Eleganza”. Кога имала 23 години, се заљубила во 22 години постариот филмски продуцент Карл Понтиј а нивната љубовна врска има материјал доволно за да биде снимен и филм.
Тие заедно преминале преку многу потешкотии затоа што Понтиј во тоа време бил оженет и имал две деца. На лудиот камен „застанале“ во Мексико затоа што во тоа време, во Италија разводот бил забранет. Тој подоцна бил обвинет за бигамија, но неговите чувства биле толку силни што одлучил да си го промени државјанството само за да остане со убавата актерка. Во брак биле 41 година, а после неговата смрт, актерката никогаш повторно не се омажила.

Како вистинско олицетворение на женственоста, сексипилот и гламурот, ова се нејзините 10 лекции за тоа како треба да изгледа фаталната жена, според Софија.

1.Сексипилот е 50% од она што го имал, и 50% од тоа што луѓето мислат дека го имаш.
2.Мораш да уживаш во животот, секогаш биди опркружена со луѓе кои ти се допаѓаат, со кои можеш да разговараш на сите теми, и се позитивни. Позитивноста ќе се одразува и врз тебе!
3.Фустанот треба да биде како бодликава жица – да служи за својата намена, да го покрива телото но и да отскрива доволно да ја „заскокотка“ имагинацијата.
4.После сите овие години, сеуште се откривам себеси. Подобро е да го истражуваш животот и да правиш грешки, отколку да играш на сигурно. Грешките се дел од долговите кој човек ги плаќа како би водел богат живот.
5.Мајката треба секогаш да мисли два пати – еднаш за себе, и еднаш за своите деца.
6.Постои фонтана на младоста. Тоа се умот, твоите таленти, креативноста која ја внесуваш во својот живот и животот на луѓето кои ги сакаш. Кога ќе научиш како да го користиш тој извор, тогаш ќе ја победиш староста.
7.Твоите очи не можат да бидат убави, ако никогаш не си заплакала.
8.Многу луѓе мислат дека посакуваат некои нешта, но не поседуваат сила, дисциплина. Верувам дека за да го добиеш она што го сакаш треба многу силно да го сакаш.
9.Погрешно е ако мислиш дека еднаш кога ќе завршиш училиште, никогаш нема да мораш да учиш нешто ново.
10.Мислам дека заводливоста доаѓа одвнатре. Тоа е нешто што го имаш или го немаш, тоа едноставно нема никаква врска со градите, задникот или пучењето на усните.