Дами, дали некогаш сте гледале порно филм и сте се прашувале дали би можеле да се однесувате така за вашиот партнер? Можеби дури и сте сакале да му спомнале да гледате заедно порнографија за да се инспирирате, но набрзо сте се премислиле поради своите несигурности и срам? Сигурно си мислите дека стандардите се многу високи и дека никогаш не би можеле да се однесувате како порно ѕвезда.
Но, не грижете се бидејќи имаме добри вести за вас! Според изјавите на следниве неколку момци, вие воопшто не треба да се плашите. Да, точно е дека повеќето мажи фантазирале да имаат секс со одредени порно ѕвезди, како и дека барале од своите девојки да ја преземат таа улога во креветот. Но, кога биле прашани дали би сакале навистина да имаат секс со порно ѕвезда, за големо изненадување, нивниот одговор бил „НЕ“!
Изгледа голем дел од мажите не ги сакаат лажните гласни издишки, туку повеќе би сакале вие двајца да пробате нешто ново. Погледнете ги нивните одговори на следниве неколку прашања кои сигурно се плашите да им ги поставите…
Што мислите за жените кои се однесуваат или зборуваат како порно ѕвезди во кревет?
„Понекогаш кога таа глуми дека е порно ѕвезда, нештата можат да бидат многу поинтересни. Но, ако издишките и стенкањата почнуваат да звучат лажно, тогаш воопшто не е забавно.“ – Ден, 32
„Во ред е сè додека не почне да звучи како оние чудните порно филмови, со пискотници.“ – Роберто, 28
„Не, сè додека таа не глуми, сè ќе биде во ред. Јас навистина ги мразам лажните порно стенкања. Понекогаш жените го прават тоа бидејќи мислат дека ги возбудува мажите, но грешат!“ – Бен, 25
„Не! Јас не сакам ништо од тие лажни глупости!“ – Брендон, 29
„Тоа е многу секси, прави да биде уште позабавно во сексот, но сепак треба да се задржи реалноста.“ – Брајан, 30
„Тоа е во ред, бидејќи мене не ме возбудуваат некои чудни порно трендови, каде што најчесто сè изгледа лажно.“ – Ник, 26
1 2