Категории

10 мотивациони реченици кои ќе ви го променат начинот на размислување

Пишаниот збор има голема моќ врз нашиот живот. Со негова помош можеме да поглднеме далеку, назад низ времето и да ги искористиме позитивните и убави зборови на многу мудреци и познати мислители.

Ова се најинспиративните мисли од минатото за среќата:

 

Стотици свеќи можат да бидат запалени од една свеќа без да се изгуби нејзиниот сјај. Среќата не се намалува кога ја споделуваме со другите. – Буда

За да бидеме среќни, не треба да се грижиме за другите. – Албер Ками

Доколку сакате долгорочна среќа, помогнете им на другите. – кинеска поговорка

Не се потпирајте на другите луѓе за вашата среќа и вредност. Само вие можете да бидете одговорни за тоа. Доколку не се сакате и почитувате себеси – никој не може да го направи тоа за вас. Прифатете се такви какви што сте, целосно со сите ваши добри и лоши страни, и направете ги сите промени. – Стејси Чартер

Убав почеток е – кога успеваме да препознаеме кога сме среќни. – Лусил Бол

Не заборавајте на моќта од „неправењето ништо“, слушајќи ги и гледајќи ги работите кои не секогаш можете да ги чуете и видите. – Вини Пу

Забораваме дека среќата не е резултат на добивањето на тоа што го немаме, туку повеќе на признавање и согледување на тоа што го имаме. – Фредерик Кеониг

Понекогаш среќата е извор на насмевки, но понекогаш насмевката може да е извор на среќата.

Среќа е кога тоа што го мислиме, зборуваме и правиме се во хармонија. – Махатма Ганди

Причината поради која на многумина им е тешко а бидат среќни е поради тоа што често го гледаат минатото подобро одошто е, сегашноста полоша одошто е, а иднината помалку неизвесна одошто ќе биде.

Прегледи:
561
Објавено на:
29.10.2021