Категории

10 причини зошто мора да ја посетите Будимпешта!

Будимпешта, главниот град на Унгарија е една од европските метрополи која може да се вброи во групата со туристичките градови како што се Рим, Лондон, Париз или Берлин. Можеби досега сте го посетиле овој град, но доколку сѐ уште го немате направено тоа, ова се 10 причини зошто Будимпешта треба да биде вашата следна десинација.

1. Кога зборуваме за историјата и архитектурата, Будимпешта е една од најинтересните европски дестинации.

2. Повеќето туристички атракции тука се на отворено и посетата е потполно бесплатна!

3. Во Будимпешта нема да останете гладни. Храна има за извоз, од унгарски специјалитети, преку безброј странски ресторани и пабови и навистина не е прескапа.

4. Топлите извори и термалната вода се најголемото туристичко богатство, но и потенцијал на градот. Дали знаевте дека во Унгарија се наоѓаат преку 1.000 извори на термална вода?

5. Будимпешта е една од најдостапните туристички дестинации во Европа кога зборуваме од финансиска гледна точка.

6. Посетете ја Големата Синагога. Ова е најглемата синагога во Европа во која исто така се наоѓа и Унгарскиот музеј на еврејската уметност и Меморијал Холокаустот.

7. Будимпешта се наоѓа на патот кон некои од најпознатите туристички дестинации во Европа (Краков, Братислава, Варшава) во кој од нив да патувате, ќе застанете во Будимпешта.

8. Ако сакате хорор, тука е и Куќата на теророт, во која поблизу може да се запознаете со нацистичката Германија.

9. Ако барате мир и одмор во природа – само еден од прекрасно уредените паркови ќе ви биде повеќе од доволен.

10. Наша препорака е да го посетите и островот Маргит на Дунав, на кој се наоѓа мала зоолошка градина.