Драги љубители на планинските спортови, планините и природата, со големо задоволство ве известуваме дека покрај сите мерки и протоколи, и оваа година ќе се одржи ЕХО-фестивалот на планински филм.
Влегуваме во втората деценија од животниот век на вашиот омилен фестивал, и со голема чест ви ги најавуваме датумите кога ќе се одржи 11тото издание на ЕХО Фестивалот за планински филм, 05 – 09 Октомври 2020, а комплетната програма и локациите ќе ги дознаете за некој ден.
,,Пред нас имавме голем предизвик оваа година да организираме класичен филмски фестивал, кој ќе обезбеди следење на филмската програма на големото платно, причините ги знаете сите, и поради тие исти причини го поместуваме малку порано фестивалот на почетокот од Октомври 2020.”, изјавија од ЕХО
и додавајќи: ,, Иако годинава поради протоколите нема да може да се дружиме со интернационални или домашни гости во форма на предавања и презентации, сепак ве уверуваме дека имаме супер возбудливи новости и одлична програма која нема да отстапи од курсот на ЕХО и пораката што ја пренесува.”
Со нетрпение го очекуваме стартот на овогодинешната програма, за која ќе бидете известени.