Категории

12 типови на мајки кои ќе ги сретнете во парк

Од мајката која знае сѐ до паничарката. Има тука сѐ и сешто.

Мајката која е опседната со органска храна

Таа со велосипед го носи своето дете во училиште и нејзината животна мисија е да докаже дека тестенините со сирење кои секој четврток им ги даваат за ручек предизвикуваат секакви болести кај нејзиното дете. Сите нејзините деца имаат алергии и се нетолерантни на лактоза. Сите се постојано болни, како и таа – и покрај фактот што веќе 5 години не допрела ниту производи со глутен, ниту млечни производи, ниту пак пченица или шеќер.

Смирената мајка

Смирената мајка ретко се вади од такт. Во секоја ситуација е прибрана и делува беспрекорно. Да имате ваква мајка за пријателка е непроценливо, затоа што таа и вас ќе ве смири во секој момент и без проблем ќе ве спушти на земја кога за тоа ќе има потреба.

Модно освестената мајка

Модно освестената мајка никогаш не излегува од дома без фризура и целосна шминка, па дури ни до детското игралиште. Не пропушта ниту еден важен моден или културен настан. Нејзината животна мисија е да биде најдобро облечената мајка во паркот. Неретко ги ускладува своите комбинации со оние на децата.

Мајката која знае сѐ

Кога станува збор за развојот на децата, со оваа мајка нема да ви треба интернет, прирачник или книга. Само она знае сѐ на овој свет, па со неа тешко дека ќе може да влезете во каква било дискусија. Понекогаш е и досадна и ќе ви оди на нерви, затоа што не можете нормално да дискутирате со неа, таа најчесто мисли дека САМО таа знае сѐ.

Мајката која мора да има сѐ под контрола

Влажни марамчиња во една рака, антибактериски гел за рацете во другата рака. Нејзиното дете никогаш нема нечисти чевли. Постојано им се дере на децата: „Немојте таму да седите, нечисто е.“, „Не може да одиш таму, ќе паднеш, ќе ги извалкаш панталоните“. Паркот за нејзе е еден огромен стрес, а веруваме дека е стрес и за нејзиното дете.

Мајката која вежба

Во паркот прво поминуваат нејзините бицепси и трицепси, а дури потоа децата. Додека нејзините деца возат велосипеди, таа трча покрај нив и си ја одржува кондицијата. Ако не зборува за полумаратоните или маратоните, тогаш зборува за неодамнешните вежби кои ги правела на одмор.

Вработената мајка

Тоа е онаа мајка која доаѓа во парк директно од работа, која нема време ни да се преоблече во нешто поудобно. Најчесто со една рака го држи детето, а со другата зборува на телефон или пишува мејлови. Некаде помеѓу тие две активности, размислува што да подготви за вечера.

Мајката која е вечно дете

Во овој случај тешко е да знаете кој е мајка, кој е дете. Тоа е мајката која во паркот се радува исто како и детето, можеби дури и повеќе од него. Подготвена е за сите активности и обично останува последна во паркот.

Преуморната мајка

Тоа е најчесто мајката која во една рака држи бебе, а истовремено трча и по своето неуморно двегодишно дете. Често е разбушавена и си ги носи омилените патики.

Паничарката

Ова се мајките за кои опасноста демнее на секој чекор. Ќе ја препознаете по тоа што постојано има загрижен поглед на лицето. Од своето дете не се одвојува ниту за една секунда. Донекаде ќе ја разбере човек доколку се работи за мали деца, но не и ако сѐ уште го држи седумгодишното дете за рака.

Новопечената мајка

Мајката која ужива на пролетното/есенското сонце додека нејзиното бебе мирно спие во количка. Нетрпеливо го чека денот кога и нејзиното дете ќе почне да трча низ паркот. А кога ќе ја видите, во вас буди носталгија за минотото.

Мајката која е залепена за мобилниот

Ова е тип на мајка кој не го трга погледот од мобилниот. Го слуша детето дури кога ќе ја викне по 10-ти пат, а можеби ни тогаш. Ако ја видите да трча низ паркот, тоа е само затоа што сака да направи совршена слика за на Инстаграм.

Прегледи:
372
Објавено на:
22.08.2018