Категории

14 фотографии од масовни протести во Хонг Конг кои ја прикажуваат дисциплината и културата на луѓето

Полуавтономниот град Хонг Конг беше потресен од протести неодамна по контроверзниот закон за екстрадиција, кој дозволува осомничените да бидат вратени во Кина за испрашување, при што граѓаните реагираа бурно повторно отворајќи ги старите рани.

Поранешната британска колонија, која беше вратена на Кинезите во 1997 година, преживеа непријатности додека се обидуваше да го задржи својот посебен статус во договорот „една земја, два системи“.

Обидите на кинеската Комунистичка партија за понатаму да ја наметне својата волја резултираа со продемократски протести и граѓанска непослушност, при што активистите неодамна го пронајдоа својот глас во „Чадор револуцијата“ во 2014 година, окупирајќи голем дел од Хонг Конг цели 79 дена.

Сега граѓаните на Хонг Конг повторно излегоа на улиците, овој пат во уште поголем број. Се проценува дека околу 2 милиони луѓе, 25% од населението, досега учествувале во протестите и ја принудија локалната власт и Пекинг да го преиспитаат својот став. Сепак, ова не се диви, насилни бунтовници. Жителите на овој град ги спроведуваат своите протести поинаку! Покажуваат дисциплина, единство и почит за нивниот град, ова е израз на мирната моќ на луѓето. Погледнете како изгледаат нивните простести.

Студент во Конг Конг кој учи се време на протестот

Беспрекорно ниво на уредност по протест на кој учествувале 1,3 милиони луѓе

Протестантите и отстапуваат место на Брзата Помош

Акција за чистење на местото по протестот

Протестантите се заштитуваат со чадори од солзавецот од страна на полицијата

Волонтери означени со синиот крст, носат хируршки маски и очила, формираат човечки ѕид за да ја заштитат областа за прва помош 

Шишиња вода на тротоарите за секој од протестантите

2 милиони луѓе покажуваат неверојатна дисциплина при протестирањето

Протестанти му помагаат на новинар

Пораки во чест на сеќавање на демонстрантот кој паднал од трговскиот центар претходниот ден

Демонстрантите се собираат да го расчистат ѓубрето пред Владата

Новинарите носат шлемови, маски за очи и шитови за да го прикажат незадоволството кон локалните полициски акции

На плоштадот се одржува обука како да се направат оригами во чест на загинатите од протестите

Демонстрантите трчаат по улиците гасејќи ги пожарите наместо да ги палат и започнуваат