Иако има само 16 години и е ученик во прилепската гимназија „Мирче Ацев“, Сашо Јандрески измисли шприц кој целосно ги заштитува пациентите и мадицинскиот персонал од хепатитите Б и Ц и ХИВ вирусот.
Како волонтер во итната медицинска помош и Црвениот Крст овој млад генијалец дошол до идеја наместо стандардниот со мека еко и брзо разгадлива пластика да направи шприц кој целосно ги заштитува пациентите и медицинскиот персонал од хепатитите Б и Ц и ХИВ вирусот.
Со овој нов модел на шприц, здравствените работници целосно се заштитени од каква било зараза од Хепатит Б и Ц при давањето терапија. Заштитени се и ветеринарите, фармацевтите, лаборантите. Самиот шприц е достапен во два вида: од обична и од биоразградувачка пластика. Од тој аспект мислевме на заштитата на животната средина, па професорката по биологија Наташа Милеска Михајлоска од прилепското основно училиште „Климент Охридски” каде учев, со мене неуморно работеше на сите истражувања, објаснува Јандрески.
Овој Јандреев медицински шприц е прв од ваков вид во светот кој брзо, лесно и прецизно без проблеми би се користел и во возилата на итната медицинска помош кога со голема брзина пренесуваат пациент кој се бори за живот но и во ургентните центри. Тој овозможува најбрза постапката за давање на лекот од минути а 20 секунди да се намали на 40 секунди со 100 постотна прецизност.