Категории

18-годишна ќерка ги тужи своите родители бидејќи на Фејсбук објавувале нејзини „засрамувачки фотографии“ кога била дете

Осумнаесетгодишна девојка ги тужи своите сопствени родители бидејќи на Фејсбук објавувале фотографии со неа како дете кои ја посрамувале. Тинејџерката од австрискиот регион Каринтија тврди дека интимните фотографии од нејзиното дество го направиле нејзиниот живот мизерен. Таа вели дека нејзините родители без нејзина дозвола објавиле повеќе од 500 слики на социјалните медиуми.

Адвокатот Мајкл Рами вели дека неговата клиентка има добри изгледи да добие на суд. Сликите покажуваат моменти од деството како менување пелени, вршење нужда во нокшир и слично.

„Тие не знаат за срам и за граница – и не им било грижа дали на сликата сум во тоалет или лежам гола во моето креветче. Сѐ било фотографирано и сега е објавено. Уморна сум од тоа моите родители да не ме сфаќаат сериозно.“

Нејзините родители наводно одбиле да ги избришат фоторафиите, кои биле споделени со нивните 700 пријатели на Фејсбук. Таткото смета дека бидејќи тој ги сликал фотографиите, има право да ги објавува. Судењето е закажано за во Ноември и Рами вели дека нејзината клиентка ќе ја добие парницата ако се докаже дека фотографиите го повредиле нејзиното право на приватност и личен живот.

Прегледи:
333
Објавено на:
16.09.2016