Силвестер Сталоне ќе се придружи во екипата на филмот “The Suicide Squad” – потврдува режисерот на филмското остварување, Џејмс Ган.
Ган оваа вест ја сподели на својот Инстаграм профил, поставувајќи фотографија со Сталоне.
„Уживам кога работам со Сталоне, овој пат не е нималку поинаку. Иако Сил голема филмска ѕвезда, многумина сеуште не сфаќаат во потполност колку тој е одличен актер“, напиша Ган.
View this post on Instagram
Сталоне исто така ја потврди веста на својот Инстаграм профил.
„Работата со одличниот режисер на врвниот филмски проект ја направи оваа година одлична. Среќен сум што сум опкружен со ваков талент“, напиша тој.
View this post on Instagram
“The Suicide Squad 2” во кината пристигнува на 6 авгруст 2021 година а во главните улоги ќе се појават Марго Роби, Идрис Елба, Џон Сена, Џоел Кинаман, Питер Капалди и Виола Дејвис.