Категории

3 нешта кои детето ги учи уште во мајчината утроба

Научниците откриваат дека луѓето учат некои нешта дури и пред да се родат, а ние ви откриваме кои се тие.

1.Чувството за вкус
Професорот Питер Хипер од универзитетот Queen во Белфаст, постави прашање за тоа дали човек може да сака некоја намирница уште пред да се роди. Тој го спроведе истражувањето во кое идните мајки јаделе или се одрекле од лук. Резултатите биле интересни, децата родени од мајките кои уживале во храната која содржи лук, исто така го обожавале дури и во добата од 8-9 години.
Истите резултати се добиле и за сокот од морков. Мајките кои во текот на нивната бременост пиеле сок од морков, нивното бебе во доба од 5 и 6 месеци исто така го обожавало, затоа што го вкусиле во матката.

2.Слушаат звуци
Друштво истражувачи од Финска, извршиле експеримент во кој ги поделиле трудниците од две здруженија: Една група трудници постојано слушала детски приспивни песни, додека друга не. Резултатот бил дека децата родени од мајките од првата група, реагирале на приспивните песни додека другите биле рамнодушни.

3.Препознаваат говор
Атена Воломанос психологот од универзитеот од Њујорк, ги споредила реакциите на новороденчињата за „човечкиот говор и звукови“, открила дека бебињата реагираат на говорот. Тие дури и се вртеле во правецот од кој доаѓал гласот на нивната мајка.
Истражувањето помогнало и докажало еден важен концепт: новородените бебиња кои не реагираат и не приметуваат говор, можно е понатаму да имаат проблеми со говорот.

Прегледи:
530
Објавено на:
02.10.2019