Категории

3 нешта кои мажите најпрво ги забележуваат кај вас, а немаат врска со физичкиот изглед

Иако физичкиот изглед е нешто што влијае најпрво за тоа дали некој не привлекува или не, сепак не се врти се околу него..

Постојат три нешта кои ќе го наведат секој маж лудо да се заљуби во вас, но само ако знаете како правилно да ги искористите.

Страственост
Притоа, овде не мислиме на интимна страст. Жените кои ја пронашле својата цел и се страствено посветени во нешто кое го сакаат, силно ги привлекува мажите. Тоа може да биде работа, хоби, или било што кое вас многу ве усреќува што едноставно зрачите кога зборувате за тоа. Изразете ја својата уникатност и немојте да се трудите да покажете колку сте слични на него, туку колку сте верни на себеси.

Автентичност
Многу жени во првата прилика кога ќе влезат во врска, ги жртвуваат своите погледи, ставови и соништа како би се ускладиле со својот партнер. Знајте дека тоа не е нешто со кое ќе го задржите тој ист партнер а нити начин на кој ќе бидете среќни во животот. Цврстите одлуки, ставови и верувања се нешто што ве прави единствени, посебни и силни и од тоа не треба да се одрекувате по никоја цена.

Женственост
Денешниот начин на живот често ни укажува на алармантната важност на самостојноста, напорната работа и ефикасноста. Важноста на овие ставки е неоспорна, меѓутоа кога сакате да почнете во се да превземате иницијатива, да донесувате одлуки без согласност на својот партнер и да не му дозволувате тој да биде оној кој ќе ве премисли – доаѓате до проблем. Дозволете му нему да ви ја отвори вратата или да ви помогне да го облечете капутот, покажете ја својата нежна страна и посматрајте го неговото одушевување кон вас.

Прегледи:
386
Објавено на:
16.10.2019