Категории

3 од најинтересните кафулиња низ светот

Нема човек кој не сака да седне на едно убаво кафе или чајче, сам со своите мисли, со лап топ или книга, или со омилените пријатели. Но, овде ќе разгледаме кафулиња кои нудат малку повеќе од добро спремен напиток.

1.Neko no mise (Продавница за мачки), Токио: Кафуле со мачки

Како што сугерира самото име, ова е кафуле каде што има многу мачки. Всушност, ова кафуле е многу повеќе како дневен центар каде што луѓето можат да си играат со мачки, а кафето доаѓа на второ место. Јапонците се народ кој е особено амбициозен и насочен кон работа, што знае да биде стресно, па така, местото каде што може да имаат терапија со мачки е повеќе од добредојдено. Всушност, ова не е единствено такво кафуле во Јапонија. Таму има многу кафулиња со мачки, особено во Токио и Осака, административните центри. Овој тренд се има раширено и низ светот, па така, иако започнал во Јапонија, денес постојат вакви кафулиња насекаде низ светот.

2La Distributrice (Дистрибуцијата), Монтреал: Минијатурно кафуле

Ова е најмалиот купопродажбен простор во цел Монтреал, а најмало кафуле во цела Северна Америка! Сместено под скалички, ова е местенце со мал простор, но огромен вкус за прекрасно кафе.

3. Alice in Wonderland cafe, Токио – Кафуле на Алиса во Земјата на чудата

Ова кафуле го има сосема доловено светот на Алиса во Земјата на чудата. Сите елементи, од макро-ентериерот, односно целосниот изглед на кафулето кој го копира светот на Алиса; до ситните деталчиња кои потсетуваат на елементи или настани во приказната.

 

 

 

Прегледи:
786
Објавено на:
13.05.2020