Категории

3 работи коишто треба да престанете да ги правите за да започнете со она што го сакате

Понекогаш е навистина тешко да почнете да го правите она по што длабоко во себе копнеете. Без разлика дали станува збор за вежбање, пишување книга или пак нешто сосема трето, самите си поставувате пречка на патот и правите тоа да биде многу потешко отколку што навистина треба да биде.

Еве три работи коишто е време да престанете да ги правите за да си ја оттргнете пречката што сами сте си ја поставиле и да ги претворите работите во реалност наместо само да сонувате за истите:

1. Престанете да си замислувате дека тоа е нешто огромно и невозможно. 

Колку повеќе размислувате за нештото што го сакате, толку поголемо и поневозможно станува во Вашата глава. Размислувате дали ќе успеете, а што ако не успеете, и станува се пострашно и пострашно. Наместо тоа направете го следново:

  • Прашајте некој што бил на местото на кое што Вие сакате да бидете за да си ги оттргнете нејасните стравови.
  • Запрашајте се себеси: Реално, кое е најлошото нешто што може да се случи? Откога малку ќе размислите, ќе сфатите дека најлошото нешто што може да се случи и не е толку лошо.

2. Престанете да се обидувате да контролирате сѐ.

Да бидете подготвени и да знаете некои работи секако помага, но сето тоа може да се претвори во замка доколку претерано размислувате за сѐ по 50 пати на ден. Наместо тоа направете го следново:

  • Сфатете дека ќе се сопнете и тоа е сосема во ред. Секој којшто се труди да излезе од удобната зона порано или подоцна мора да се сопне бидејќи тоа едноставно е дел од животот.

3. Престанете да размислувате дека мора да почнете со нешто огромно и спектакуларно.

Имате некоја голема цел? Во ред е, но не значи дека доколку целта Ви е голема мора да почнете со нешто исто толку големо. Наместо тоа направете го следново:

  • Запрашајте се себеси: Кој мал чекор можам да го направам денес за да придонесам во нештото што ќе стане големо.
  • Фокусирајте се само на тој мал чекор што треба да го направите и на ништо друго. Откако ќе завршите со тоа, фокусирајте се на наредниот чекор и продолжете така.
Прегледи:
414
Категории:
#365Среќа · Кариера
Објавено на:
25.11.2022