Категории

3 стилски грешки што ве прават да изгледате постаро: Вие не сте ни свесни колку години додаваат!

Ако не сакате да изгледате постаро, не правете ги овие грешки

Секоја жена сака да изгледа помладо. Но, многумина не се свесни дека прават одредени модни грешки поради кои всушност изгледаат постаро.

Стајлингот има многу влијание врз тоа како изгледаме. Поточно, некои работи – за кои не мислиме дека всушност имаат контра-ефект.

 

Чорапи во кожа боја

Ако ги слушате советите на вашата баба да облечете чорапи во боја на кожа со фустанот, подобро е да се откажете.

Поточно, чорапите во боја на кожата ретко се вклопуваат во тонот на кожата и воопшто не се невидливи како што би требало да бидат. Значи, подобро да носите црни чорапи, упадливи чорапи или едноставно немојте да ги носите.

 

Перли

Без разлика дали се на уво или околу вратот, перлите изгледаат конзервативно, поради што ќе изгледате постаро отколку што сте.

Ако не сакате да се откажете од нив, подобро е да ги комбинирате со кожна јакна и фармерки, отколку со фустан.

 

Погрешен избор на боја

Боите исто така значително влијаат на нашиот изглед. Затоа, ако изберете бои кои не одговараат на нашиот тен или боја на коса, ќе изгледате бледо, а со тоа и постаро.

За да не направите ваква грешка, треба да знаете дека на русокосите одлично им стои кобалт сина и валкано розова, додека на бринетите им стојат јака розова, загасито плава и црвена боја.

Интересно е што и русокосите и дамите со потемна коса можат да носат жолта и бела боја.

Прегледи:
405
Објавено на:
20.02.2020