Еден од најтешките предизвици за секој деловен човек и сопственик на бизнис е фактот дека има толку многу работи што не сакате да ги правите или не можете да ги контролирате.
Така, настанува одвлекувањето коешто не Ви носи ништо добро освен главоболки.
Како да се справите со истото и кои техники би Ви помогнале?
- Планирајте ги Вашите дневни активности однапред. На почетокот од работното време, прво завршете ја приоритетната задача, а потоа направете пауза или завршете работа со помал приоритет.
- Составете Ваш личен систем за награди. Одберете награда којашто ќе Ви биде вистински мотиватор и што ќе Ве води кон Вашите цели.
- Во Вашиот распоред вметнете и празнини. Вградете простор за слободно време што сепак на некој начин ќе Ви помогне да ја завршите приоритетната задача.