Категории

Цели во бело – 30 комбинации за ова лето

Кога ќе помислиме на лето, асоцијацијата е силни бои, смели принтови и многу шаренило.. Меѓутоа ова лето белата боја, чистите линии и минимализмот ќе бидат вистински контраст на пролетното шаренило давајќи ни чувство на лефтерност и спокојство. Белата боја доминира во многу колекции на светски познатите модни креатори, и таа дефинитивно е боја која ќе ви ги олесни долгите летни жешки денови.
Стилистите тврдат дека белата боја стои на секого и тоа е абсолутна вистина, но доколку знаете да ја изберете вистинската бела нијанса која ќе одговара на вашиот тен, очи и коса.. Комбинацијата на овие нежни и префинети тонови ќе направат да изгледате младо и свежо, дури и кожата изгледа многу по здрава и по сјајна. Ние издвоивме лепеза на бели комбинации кои ќе ве инспирираат и ќе ви помогнат околу тоа со кои аксесоари ќе ја пронајдете вашата совршена комбинација..

 

Прегледи:
1143
Објавено на:
27.06.2016