Категории

#365Среќа: „Дрво на пријателството“ – Голема акција на садење дрвја во Скопје

Денес 3 локални доброволци во соработка со Европскиот Балкански Фонд (European Fund for the Balkans) го збогатија градот Скопје со 60 дрва.

Локалните организатори Treebank, Skopje Smog Alarm и AirCare – Air Quality App ја имаа главната улога во спроведувањето на овој настан да доведат повеќе зеленило во нашиот живот. Настанот наречен „Дрво на пријателството“ (Tree of Friendship) цели да не обедини преку доброто во тешки мигови како што се овие.

На оваа акција исто така се придружија и истомисленици од Тирана, Приштина, Белград, Сараево и Подгорица како едно големо Балканско будење.
Секој град одржа ваков настан испраќајќи порака за тоа колку пријателството е значајно и колку овој збор има големо значење.

Прегледи:
819
Објавено на:
30.10.2020