Категории

#365среќа Ива Спасовска: „За мене модата е жива материја која има слободна форма и секојдневно се менува во најразлични правци“

Ива Спасовска е млада и успешна модна дизајнерка, која низ годините успеа да го изгради својот бренд и да биде препознатлива во својата креативност, иновативност и квалитет. За неа модата како животен сопатник, среќата како дел од животот, успешната кариера и идните планови, разговараме со неа во ова издание на #365среќа.

1. Да се биде моден дизајнер, потребно е да се поседува истенчен вкус, чувство за естетика и голема креативност. Кога сфати дека токму модниот дизајн е вистинската професија за тебе?

-Се согласувам со горенаведените карактеристики кои се потребни за успешен моден дизајнер, јас истите ги открив тогаш кога почнаа секојдневно да доаѓаат клиентки за да ги советувам како да изгледаат и покрај големиот избор на гардероба и атељеа, тие токму одбираат Ива Спасовска да им креира за нивните најважни, а и секојдневни моменти од животот, а знакот дека сум на добар пат во она што го правам е токму фактот што тоа се случува веќе цели 15 години, секој ден.


2. Кој е твојот омилен дел од целокупниот процес на дизајнирање на едно модно парче?

-Постојат повеќе моменти кои ми се омилени во мојот моден дизајнерски свет, едно од нив со сигурност е целиот процес на набака на материјали и нивниот бесконечен избор на бои, текстури и карактеристики. Едноставно го обожавам моментот кога ги допирам, а бујната фантазија автоматски во петта брзина веднаш доаѓаат идеи од кој што ке правам и како тоа ќе изгледа. Потоа консултациите и контактот со клиенти ме исполнува поради тоа што навистина сум човек кој сака да се стави во кожата на соговорникот и со тоа што им помагам да го најдат тоа што го бараат мене уште повеќе ме прави среќна, и како трето од поомилените, но не и последно сепак е редење на апликации директно на клиентка и потоа рачна изработка на истите.


3. Што претставува за тебе модата?

-Модата за мене е жива материја која има слободна форма и секојдневно се менува во најразлични правци без правила и притисоци. Ја одбрав нејзе како животен сопатник затоа што нејзините карактеристики личат на мојот целокупен карактер.


4. Неодамна прослави цели 15 години успешно работење, од кои 9 години во Скопје. Колку се гордееш со овој успех и што е потребно да поседува една жена покрај амбиција и талент за да се одржи успешно толку долго на пазарот?

-Кога ке се завртам позади мене постои макотрпна работа и безброј клиенти, во исто време ми изгледа како цела вечност, но и како миг кој дур да трепнам поминале цели 15 години од моето прво модно парче… И нема да кажам дека сум рамнодушна, туку напротив многу сум горда на себе и секој ден си викам по едно големо браво, затоа што само јас знам во какви услови успеав да бидам овде каде што сум сега. За една жена да се оддржи успешно толку долго на пазарот треба сама по себе да биде склоп на многу вродени карактеристики и вештини, и треба да биде млада и по можност на почетокот без семејство затоа што успехот бара преголема жртва на сите полиња.


5. Што претставува среќата за тебе? Каде ја пронаоѓаш и како ја дефинираш?

-Верувам во карма и фактот што немам забиено нож на никој во мојот живот по никоја цена, ми овозможува длабоко да вдишувам, а со тоа да ја живеам среќата. За мене среќата не е момент, не е материја, не е дестинација, таа е целиот мој живот, јас сум среќа.

6. Соработуваш со многу познати естрадни имиња од балканската естрада кои те избираат токму тебе покрај големата конкуренција во модниот свет. По што се разликуваат твоите креации од останатите?

-Во она што сум сигурна е дека за еден бренд да биде посакуван а посебно моден бренд, најпрво личноста која го претставува истиот треба и мора да биде сама по себе бренд, под тоа се подразбира да има сличен животен стил како истите тие естрадни имиња од тука и балканот кои ме побарале до сега, а ги има многу и им благодарам што ме одбираат мене покрај другите во модниот свет.


7. Кои се твоите планови во иднина и што би им порачала на сите млади девојки и жени кои сакаат да го остварат својот сон?

-Ова прашање го имам во сите интервјуа баш поради тоа што секогаш оптимистички ги охрабрувам девојките и жените, но овојпат ке завземам малку поинаков став. Поради силното влијание на социјалните медиуми, девојките почнаа безгранично да се споредуваат со некој идол и преку ноќ се сакаат да станат исти, а не се свесни дека тајната на успехот никогаш не се прикажувс и не е вкусен воопшто, затоа што бара жртва за која 99% од нив нема да ја издржат.


Точно дека сѐ зависи каков е нивниот сон но, најпрвин мора да се свесни за нивните вродени капацитети, затоа што едно е да се сака и со сила да се труди, а друго е дека со сила убавина не оди, а тоа се познава од километар. Потоа симптомите се фрустрација, депресија, комплекси… Оној што сака да го работи тоа што му е во срцето, нема да чека да прочита туѓо мислење за успех од интервју.

Прегледи:
577
Објавено на:
14.01.2022