Категории

4 правила кои мора да ги знаете ако редовно ја фарбате вашата коса

Доколку сакате да имате фарбана коса која изгледа здраво и негувано, мора да водите сметка за следните нешта.

Користете шампон без сулфат

Сулфатите се хемикалии без кои вашата коса може да преживее, бидејќи не само што знаат да бидат причини за многу иритации, туку се и штетни за обоената коса. Шампоните кои содржат сулфат побргу ја отстрануваат бојата на косата отколку ние без сулфат.

Не ја мијте косата премногу често

Честото миење на косата може да го отстрани природното масло од неа и лесноможе да предизвика косата да биде сува и лесно да пука. Миењето на косата еднаш, до два пати неделно е идеално за одржување на бојата и здравјето на косата. Нашата препорака е што помалку да ја миете косата со шампон и ќе забележите за неколку недели промена во нејзината текстура.

Топлината не е ваш пријател

Оформувањето на косата со уредите за коса дополнително ја уништува и онака веќе оштетената фарбана коса. Обидете се што повеќе да ги избегнувате фенот, пеглата и фигарото за косата да биде поздрава. Освен што топлината дополнително ќе ја оштети косата, бојата побргу ќе избледи, што сигурно не е вашата цел.

Нанесете масло пред миење на косата со шампон

Кокосовото масло ќе ја заштити вашата коса од потенцијалното оштетување, а рицинусовото масло е го поттикне нејзиниот раст, па поради тоа најдобра опција е да ги користите двете масла. Нанесете ги преку ноќ како маска и наутро измијте ја косата или едноставно нанесете на врвовите пред миењето со шампон. Третманите со масла се одлични за фарбаната коса.

Прегледи:
2552
Објавено на:
22.04.2018