Категории

4 вежби кои најбрзо топат килограми!

Немате време да одите во теретана? Нема проблем. Следните четири вежби ќе направат чудо во вашето тело, затоа што со само дваесет и пет минути тренирање дневно ќе потрошите огромна количина калории и за многу кратко време вашето тело ќе го доведете до совршенство.

Боречки скок


Заземете цврст воен став ставајќи го левото стапало пред десното страна и свртете го телото во десно. Подигнете ги тупаниците до брадата. Спуштете се ниско и допрете го подот со левата рака. Одскокнете со нозете, скокајте енергично, менувајќи ја положбата на нозете во воздух како би доскокнале со десната нога напред а левата назад. Направете дваесет и пет вакви скокови.
Совет од тренер: Обидете се да бидете на исто место кога го правите скокот.

Летечки скок


Заземете широк став со нозете свртени кон надвор. Спуштете се така што и двете колена да бидат под агол од деведесет степени а рацете свртете ги кон една страна. Спуштајте ги рацете надолу, скокајте нагоре, а потоа веднаш подигнете ги на другата страна. Повторете го ова дваесет пати.
Совет од тренер: Земете тегови или медицинска топка за подобри резултати.

Трчање во место


Трчајте во место кревајќи ги колената највисоко што можете. Потоа, истегнете ги рацете пред себе и скокајте со допирање на дланките со обете колена. Повторете го ова петнаесет пати.
Совет од тренер: Бидете внимателни да не се повредите кога скокате.

Летечки чекор


Со левата нога направете чекор назад и подигнете ги рацете нагоре. Скокајте нагоре менувајќи ја положбата на нозете, напред и назад. Ова е едно повторување. Направете дваесет и пет вакви скокови.
Совет од тренер: Ако вежбањето ви изгледа премногу тешко, направете дваесет и пет наизменични чекори (без отскокнување).

Прегледи:
494
Објавено на:
25.08.2019