Категории

5 чекори до идеална форма

Нивото на вашата мотивација е едно од најважните работи што директно ќе ве поттикне да продолжите напред со вашите резултати. Пред да започнете со вежбање, треба да изработите еден план што ќе функционира за вас.

Овие пет чекори ќе ви помогнат да го следите вашиот план. Додека минувате низ овие чекори, фокусирајте се на работите што можете да ги решите, бидете искрени со себе и навистина вложете напори.

1) Тајната на резултатот на лицата кои успеваат и оние кои не успеваат е во самиот пристап!

Целта треба да биде мерлива, нешто што реално може да го постигнете.

2) Запрашајте се зошто сакате да се вклучите во некоја фитнес програма?

Погледнете малку подлабоко во вашиот почеток додека ја достигнувате целта. Која е главната причина и што ќе донесе успех генерално во вашиот живот? Одвојте малку време да размислите и да идентификувате малку подлабоки и поголеми причини за започнување на програма. Вториот дел е директно поврзан со првиот. Како? На пример, ако изјавивте како цел дека сакате да изгубите 10 килограми, размислувате „Ако изгубам 10 килограми, тоа би можело да ми донесе повеќе енергија во секојдневниот живот, ќе ја зголемам самодовербата и ќе немам повеќе главоболки“. Ова е причината зошто сакате да изгубите 10 килограми – да имате повеќе енергија за живеење, да ја зголемите самодовербата и да престанат главоболките! Ова „зошто“ ќе ве мотивира затоа што тоа е нешто што вечно го сакате во животот.

3) Поставете си краткорочни цели

Иако долгорочните цели се одлични и инспиративни, тие честопати не се причина и мотив да се појавите на тренинг во оние денови кога не сте расположени. Во тие денови, ви треба нешто краткорочно, нешто што веднаш ќе ве крене! Нешто што верувате дека може да постигнете со малку напор. Повеќето од нас се многу мотивирани од чувството на моментално задоволство.

4) Пратете го вашиот напредок

5) Визуелизирајте го вашето тело од соништата

Една од најчестите грешки што некои ги прават е недостатокот на цврста идеја или визија, за тоа како точно сакаат да изгледаат. Затоа, следниот пат кога ќе превртите низ списание и ќе наидете на лицето кое го има телото од вашите соништа, исечете ја таа фотографија и залепете ја на вашиот фрижидер или огледало за да ја гледате повеќе пати. Бидете трпеливи, наградете се (но не и со лоша храна). Мотивацијата доаѓа и оди, што е сосема нормално. Колку појасно ги поставите овие чекори, толку е поголема веројатноста да бидете мотивирани цело време.

Експертите во Polleo Sport секогаш се во можност да ви помогнат и да ви дадат точни и прецизни информации за тоа што ви е потребно на вас. Тие се специјално едуцирани за додатоците во исхраната и секогаш ќе бидат среќни да објаснат за што служат, и како, кога и зошто се користат. Секако дека најважно е да купувате и користите оригинални производи.