Категории

5 интересни факти за љубовта

Љубов – маки, горчливи болки, свет низ розови очила, свет полн со емоции. Оваа апстрактна именка со својата огромна моќ допира до најсложените врски во нашето тело – срцето и мозокот. А, кога тие ќе се спојат, го создаваат најсовршеното, најромантичното и најслаткото чувство во светот. Во продолжение прочитајте неколку факти за љубовта:

1. Кога двајца вљубени се поврзуваат на уреди коишто го покажуваат отчукувањето на срцето и шемите на дишење, нивните отчукувања и нивното дишење се синхронизираат.

2. Љубовта и интимноста се поврзани со креативноста. Го будат Вашиот оптимизам и го подобруваат Вашето размислување.

3. Честотата на главоболките се намалува на пола кога сте заљубени.

4. Држењето рака на оној/онаа кој/а што го сакате помага да се смирите.

5. Паровите коишто гледаат љубовни филмови заедно имаат пониски стапки на развод.

Прегледи:
536
Категории:
#365Среќа · љубов
Објавено на:
07.11.2022