Категории

5 извори на стрес кои морате да ги отстраните од својот живот

Стресот не штеди никого, а се повеќе млади луѓе се под стрес поради различни животни околности. Пронајдете го својот извор на стрес и ослободете се од него.

1. Престани да се оправдуваш пред другите за се што правиш. Ти си своја личност и имаш свои мислења и ставови, а другите немаат никаква врска со тоа.

2. Почни да ги славиш малите успеси, а не да паѓаш во депресија ако не оствариш нешто големо. Немој да се споредуваш со другите бидејќи секој има свое темпо. Секој чекор значи дека си поблиску до целта и малите победи се исто така вредни за славење.

3. Ништо не е совршено и не се обидувај тоа да го реализираш. Едноставно само ќе се изложиш на уште поголем стрес.

4. Стави се себе на прво место и престани да им удоволуваш на сите. Сепак е најважно да си ти среќен.

5. Не се обидувај да им се допаднеш на сите, бидејќи тоа не е реално. Секој има различни вкусови и критериуми.

Прегледи:
470
Објавено на:
25.04.2018