Категории

5 Мотивациски цитати за самопочит

Ништо не е поважно од тоа да се сакате самите себе. Зошто? Затоа што кога се сакате и почитувате себеси, животот станува многу поедноставен и полесен, ќе имате поголема внатрешна стабилност, помалку ќе се саботирате и ќе бидете многу посреќни. Ви подготвивме неколку цитати коишто ќе Ве мотивираат и укажат дека е крајно време да почнете да се цените себеси.

1. „Зошто да се грижиме за тоа што мислат другите за нас, дали имаме поголема доверба во туѓото мислење отколку во своето?“ – Бригам Јанг.

2. „Да се заљубите во себе е првата тајна на среќата“- Роберт Морли.

3. „Едно од најлошите нешта во животот е да бидеш она што другите сакале да бидеш, наместо да си свој“ – Шенон. Л Алдер.

4. „Да се прифатиме себеси такви какви што сме значи да ги цениме нашите несовршености исто колку и нашите совршености“ – Сандра Биериг.

5. „За да воспоставиме вистинска самодоверба, мора да се концентрираме на нашите успеси и да заборавиме на неуспесите и негативностите коишто сме ги доживеале“ – Денис Вејтли.

Прегледи:
546
Категории:
#365Среќа · Секојдневие
Објавено на:
11.11.2022