Категории

5 правила за здрава (чиста) вагина

Какви стандарди на хигиена е потребно да владеат помеѓу нашите нозе, е тема на бројни дискусии и различни мислења. Со користењето на најразлични хемиски спрејови, лосиони и интимни дезодоранси, ја уништуваме вагиналната флора.

Најдобро е да се држите до следниве правила:

Памучна долна облека

Дозволете и на вагината да дише! Најдобро е да носите памучни гаќи кои пропуштаат воздух. Избегнувајте тесни синтетички материјали, а особено танги. Впрочем, преку танга гаќичките можат да се пренесат бактерии од задникот во вагината кои можат да и наштетат на вагиналната флора.

Без вагинално туширање

Не, вагината не мора да мириса на пролетно цвеќе. Нема ни да биде почиста доколку користите вагинален туш – на тој начин се одмиваат сите здрави бактерии и вагината станува осетлива на воспаленија.

Заборавете на геловите и сличните препарати

Најубаво ќе ја исчистите вагината со обична вода. За да не ја пореметите рамнотежата на бактериите, избегнувајте секакви хемиски препарати, парфемирани гелови и лосиони, па дури и обичен гел за туширање не е препорачливо да се користи.

Замивајте се од напред кон назад

По големата нужда никогаш не се бришете или мието од назад кон напред.

По завршувањето на сексуален однос

По завршувањето на односот не е доволно само да се заплакнете, туку треба да се истуширате. По аналниот однос мора да бидете внимателни, бидејќи во тој случај контакт со вагината не треба да биде присутен.

 

Прегледи:
1052
Објавено на:
30.01.2018