Категории

5 природни начини да се ослободите од масната коса

Масната коса создава непријатност кај сите. Но, има решение за неа и тоа на природен начин. Можеби е вистинско време да се обидете да се ослободите од масната коса на сосема природен начин.

 

1. Не ја мијте со жешка вода

Жешката вода го поттикнува создавањето на маснотијата – затоа подобро е да ја измиете темелно со шапон и млака вода.

2. “Не” за шампоните против масна коса

Избегнувајте ги агресивните шампони против масна коса. Тие го сушат коренот, па потоа косата се масти уште повеќе. Подобро е да користите шампон од коприва од аптека. Копривата има смирувачкодејство врз коренот и го спречува мастењето.

3. Лековита смеса со глина

Еднаш до два пати неделно направете ја следнава смеса: помешајте околу 10 лажици зелена глина (може да ја купите во билните аптеки) со 200 мл вода и нанесете ја кашата на коренот. По 10 до 20 минути добро исплакнете ја.

4. Храна која треба да ја избегнувате

Лошата исхрана дополнително ја масти косата. Избегнувајте шеќер и алкохол и погрижете се да јадете доволно зеленчук (спанаќ, брокула). Исто така, и премногу сол допринесува во брзото мастење на косата, како и чипсот и слични грицки.

5. Препарати за коса

Избегнувајте разни пени и гелови – производи за обликување на косата кои ја оптеретуваат, а таа побргу станува валкана.

Прегледи:
484
Објавено на:
03.04.2018