Дали знаевте дека постојат производи кои не треба да ги користите секојдневно?
Тоа е така бидејќи и корисните производи за нега доколку се користат пречесто може да почнат да му наштетуваат на вашето лице и тело.
Шампон за суво миење
Шампонот за суво миење е вистински спас ако е косата масна, а мора итно да излеземе од дома. Сепак, не треба да го користите неколку дена по ред бидејќи неговата формула го суши коренот на косата и ја прави кршлива. По некое време ваквата коса ќе биде склона на пукање.
Богата маска за коса
Хранење на косата со квалитетна маска е добра одлука, но не секој ден. На производите за регенерација на коса секогаш е назначено колку често можат да се користат и на тоа треба да се придржуваме. Богатите маски за коса се идеални да се користат еднаш или два пати дневно, во спротивно може да ја поремети pH вредноста на коренот и да се добие спротивен ефект.
Медицински балсам за уста
Овие балсами најчесто се изработени со комплексни формули или со органски состојки, а идеални се за суви и испукани усни. Сепак, доколку се користат секојдневно, усните може да изгледаат уште полошо. Тоа е така бидејќи усните лесно се навикнуваат на производи за нега, па доколку го користите пречесто, усните без него ќе бидат поприлично суви и безживотни. Затоа најдобро е за секојдневна употреба да се користи обичен балсам.
Водоотпорна маскара
За разлика од обичната маскара, водоотпорната маскара знае да ги исуши трепките, а доколку нанесете повеќе слоеви, може буквално да дојде до пукање на трепките.
Производи за самопотемнување
Најмногу поради естетски причини не треба да користите секојдневно производи за самопотемнување. Кожата може да добие портокалова боја и да изгледате непривлечно. Но, мора да се напомене дека во некои производи за самопотемнување постои ДХА, активна состојка која може да доведе до оштетување на ДНК.