Категории

5 работи кои не треба да ги премолчите пред вашиот гинеколог

Интимното здравје за жените е многу чувствителна тема, па за некои работи тие не сакаат да зборуваат дури ни со својот лекар. Сепак, одредени работи и навики никако не би смееле да ги премолчите пред вашиот гинеколог.

Било да се тоа некои детали кои лесно ги заборавате или за кои одбивате да зборувате, вашиот гинеколог би требало да биде известен за комплетната слика на вашата здравјствена состојба. За да им се пружи соодветна помош на жените, совет или препорака, на докторите им се потребни бројни, често многу интимни или наизглед неважни информации.

Следи листа на работи кои жените најчесто ги премолчуваат пред својот гинеколог, а не би требало.

Добро чувани тајни за сексуалниот живот

Ова се однесува на бројните тајни кои жените најчесто ги делат со својата најдобра пријателка или психолог. Тоа се однесува на евентуалната афера со оженет маж, спиење со повеќе партнери или незаштитен анален секс. Сепак овие работи треба да му се кажат на гинекологот поради евентуалните анализи на сексуално преносливи болести, бидејќи покрај тоа што докторот може да забележи одредени симптоми на инфекции по пат на прегледеот или ПАП тестот, некои симптоми на опасни инфекции може да останат незабележани.

Опасни навики

Жените често изоставуваат да му напоменат на лекарот дека се пушачи. Многу е важно вашиот гинеколог да ги знае сите важни а нездрави пороци, без разлика на тоа колку ви трае една кутија цигари. Пушењето е еден од главните фактори кој влијае на тоа дали ХПВ може да прерасне во облика на канцер. Пушењето доведува и до зголемен ризик од настанување на тромб, срцеви и мозочни удари кај жените постари од 35 години кои пијат пилули за контрацепција.

Работи кои се однесуваат на општата здравствена состојба

Жените често забораваат да ги споменат најновите промени кои се врзани за нивното здравје, било тоа да е фактот дека некој од семејството боледувал од тешка болест, или дека почнале да земаат некои нови лекарства. Гинекологот би требало да биде упатен во комплетната здравствена состојба на пациентите, дури и ако тоа нема директна врска со гинеколошките проблеми. Исто така, наследниот фактор игра голема улога во појавата на заболувања или во појавата за предиспозиции за одредена болест. Сè што мислите дека може да биде од важност споделете го со вашиот гинеколог, а тој ќе процени колку е тоа релевантно.

Чести проблеми кои станале вообичаени

Болката за време на односите или тешко задржување на мокрачата се некои од темите за кои жените не сакаат да ги споделуваат со никој. Сепак, лекарот би требало тоа да го знае бидејќи сè тоа може да биде знак на инфекција, пореметувања или некое заболување. Обратете се на својот гинеколог доколку чувствувате било какви непријатности во врска со своето тело за тој да ви препорача соодветна терапија, доколку тоа е потребно.

Детали од спалната соба

Проблемите кои се однесуваат на лекарот се и оние врзани за стуациите во спалната соба, иако вам можеби ви се чини дека е тоа нешто што не би требало да излезе надвор од рамките на вашиот однос со партнерот. Вашиот гинеколог може да биде вистинската личност со која би требало да разговарате за оргазмите и дали се случува да не ги доживувате. Лекарот може да ве упати на терапија за парови или на секс терапевт доколку утврди дека тоа е неопходно.

Прегледи:
539
Објавено на:
30.08.2016