Категории

5 работи кои треба да ги правите пред вежбање

Се е поголем бројот на луѓе кои стануваат физичка активност. Физичката активност е добра не само за нашето здравје, туку и за одржувањето на формата на телото. Но, покрај тренингот, постојат и пет работи кои треба да ги правите за да ја постигнете целта.

Јадете пред вежбање

За да го имате телото од соништата, покрај вежбањето, битна е и исхраната.  Еден час пред вежбањето потребно е да внесете храна, затоа што на тој начин на организмот ќе му ја дадете потребната енергија. Можете да јадете банана или јаболко, или пак да се напиете шејк.

Пијте многу вода

Хидратација е од клучно значење, бидејќи не постои ништо поопасно од вежбање на празен стомак или со недостаток на вода во телото. Пијте најмалку еден литар вода еден час пред да вежбате.

Испланирајте ги своите вежби

Многу е важно да имате план кои вежби ќе ги вежбате и колку време ќе вежбате, но секако, не заборавајте да издвоите и време за одмор. Кога имате план, многу полесно ќе се фокусирате на вежбањето.

Слушајте музика

Музиката за многу луѓе претставува мотивација за вежбање. Кога слушаме музика и вежбаме, музиката ни помага во одржување на темпото и да издржиме до крај.

Загрејте се пред вежбањето

Загревањето пред тренингот е неопходно. Практикувајте на правите едноставни вежби за загревање како на пример склекови, со цел да го подготвите телото за тренингот.