Категории

5 совети како да бидете заљубена и среќна?

Сите ние посакуваме убава врска но тоа не значи дека треба да претраме со гледањето романтични комедии со Јенифер Анистон.

Еве ги нашите топ 5 „must be“ за да имате успешна врска:

1. Прашувајте го, интересирајте се за него, запознавајте го секој нов ден…

Со текот на врската двојките престануваат да си поставуваат истражувачки прашања со кои се запознаваат, бидејќи тие мислат дека веќе се разбираат еден со друг.  Секој ден вие двајца се развивате и менувате, па затоа есенцијално е да одвоите време да му поставите некое вакво прашање на вашиот партнер, покрај стандардното „како помина на работа“. Без разлика дали сте заедно 5 месеци или 5 години однесувајте се како штотуку да сте се запознале.

2. Не ја фантазирајте љубовта гледајќи романтични комедии…

Романтичните комедии може да постават нереални очекувања, што може да доведе до непотребно страдање.

Споредувањето на себе си со идеализираните ликови е рецепт за мизерија. Промовираните магични врски во романтичните комедии нема да ги пронајдете во секојдневието.

3. Не барајте партнер како од насловна страна…

Според една студија во магазинот мажите кои се женети со поатрактивни жени се подобри во бракот. За разлика од нив, кога во бракот поатрактивен е мажот тој не се залага многу за жената да ги постигне своите цели.

Која е вистинската тајна на успехот? Поддршката, без разлика дали вашиот партнер е мотивиран од вашето убаво лице или од некој друг квалитет, среќата е на страната на убавицата и ѕверот.

4. Останете си девојка…

Заборавете на цвеќињата, феминизмот е новата романтика. Мажите со партнерки феминистки искусуваат  поголемо сексуално задоволство и стабилност во врската. Самоуверената борбена жена е многу поверојатно сама да иницира секс, а ниту еден маж не би се пожалил на тоа.

 5. Не пијте премногу алкохол…

Младите девојки кои пијат многу алкохол се со помала веројатност да се венчаат и ги демне поголем ризик за разделба. Луѓето кои ги обожаваат забавите и ноќниот живот имаат многу повеќе проблеми со обврските и нивните врски често се нестабилни.

Па доколку сакате да бидете во квалитетна интимна врска, тогаш потребно ви е добро расудување и сочувство и затоа мора алкохолот да го држите под контрола.

Прегледи:
570
Објавено на:
13.01.2016