Категории

50 парчиња од модната колекција на „Балман“ исчезнаа!

Француската луксузна модна куќа, основана од Пиере Балман во 1945 година создаде модна колекција којашто требаше да се прикаже на ревија во Париз кон крајот на овој месец.

Но, за жал не одеше според плановите туку многу полошо од очекуваното.

Имено, камионот што ја пренесувал колекцијата го снемало, бил украден така што недостасуваат 50 модни парчиња.

Директорот Оливие Рустинг веднаш ја сподели веста и на својот инстаграм профил.