Категории

6 неочекувани фактори кои не знаете дека ви го покачуваат притисокот

Доколку досега не сте имале никакви проблеми со срцето, тогаш веројатно никогаш не сте ни размислувале за неговата состојба, особено ако сте млади, јадете здраво и вежбате. Но, дури и во овој случај може да сте под ризик на хипертензија или висок крвен притисок.

Живеете во бучна средина

Изложеноста на бука, на работа или во домот, особено во текот на ноќта кога се обидувате да спиете, поврзано е со покачувањето на крвниот притисок. Причината за повисок крвен притисок не е само буката како резултат на сообраќајот, соседите, или нешто трето, туку и недостатокот на квалитетен сон.

Мала плата

„Тенкиот паричник“ предизвикува незадоволство во многу животни сфери, а може да создаде и проблеми со срцето, особено кај младите жени. Одредени истражувања дошле до сознание дека платата е многу важен фактор во перцепцијата кај луѓето, што значи дека недостатокот на пари доведува до стрес и хипертензија.

Живеење во загадена околина

Колку повеќе се изложувате на загаден воздух, толку имате поголема шанса за хипертензија, дури и ако вежбате редовно и немате проблеми со здравјето. Вдишувањето на загадениот воздух води до воспаление кое може да предизвика промени во артериите и крвните садови, поради кои следи ризик за висок крвен притисок, кардиоваскуларни болести и срцеви удари.

Преголемо количество на кофеин

Кофеинот е моќен стимуланс, што значи дека помага при расонување, концентрација, па дури и го убрзува метаболизмот. Сепак, тој предизвикува и зголемување на крвниот притисок, како и некои штетни влијанија врз срцето. Поради тоа, најважно е да бидете умерени при внесувањето на кофеинот во своето тело. Една шолја кафе на ден е сосема доволно.

Таблети за контрацепција

Жените кои пијат контрацепциски таблети со естроген, имаат поголема шанса од хипертензија и оболување на срцето. Колку е поголема дозата на хормоните, особено на естрогенот, толку повеќе е загрозено здравјето на крвните садови. Тие влијаат врз ширењето и стеснувањето на крвните садови, што може да ги изложи на пукнатини и хипертензија.

Јадете премногу компири

Консумирањето на четири или повеќе оброци кои вклучуваат компир, без разлика дали е варен, пржен, печен или пире, на неделна база, поврзано е со високиот крвен притисок. Тоа е поради високиот гликемичен индекс кој го содржат компирите, што значи може да предизвикаат зголемување на шеќерот во крвта, а со тоа и хипертензија. Но, не грижете се, не е потребно потполно да го исфрлите компирот од исхраната. Тие се полни со витамини и влакна и е потребно умерено да ги внесувате за да ја задржите нормалната функција на срцето.

Прегледи:
449
Објавено на:
16.02.2018