Категории

6 особини што силните и независни жени ги сакаат кај својот маж

Силните и самозадоволни жени секогаш ги ставаат своите вредности и квалитети на прво место, а во согласност со нивните доблести, очекуваат одредени квалитети од партнерот. Кога конечно ќе дозволат да влезе маж во нивните животи, тие очекуваат одредени квалитети од него, како би знаеле дека конечно пронашле партнер кој може целосно да им одговара во сè.


Идеалниот човек за нив мора да ги има следниве квалитети:

1. Пристојност
Таа е дама и покрај себе сака господин кој со добри манири ќе ја разубави секоја средба. Нежност, учтивост и пристојност е сè што таа го очекува од својот маж, уште од самиот почеток.

2. Почитување
Тие секогаш бараат целосна почит од партнерот, покрај тоа што се свесни дека го заслужуваат тоа, тие знаат дека почитувањето е основа на секој здрав меѓучовечки однос.

3. Независност
Силните жени многу се грижат за себе, за своето време и за личните потреби, а истото го очекуваат од партнерот. Тие сакаат силен и самостоен човек, кој во сите работи ќе ји подржува и нема да се изгуби во сенката на својата сопруга, туку ќе се цени и ќе бара време за сопствените потреби.

4. Чесност
Жената која знае што сака од животот, знае колку е важна вистината и колку е важно да се држи до неа. Таа бара од партнерот да има отворена и чесна врска и последното нешто што сака покрај себе е човек кој нема храброст да зборува или да се справува со вистината.

5. Добра смисла за хумор
Независните жени добро знаат што значи стрес и напнатост, затоа сакаат маж кој знае како да ја натера да се насмее на момент и кој ќе направи да ги заборави сите грижи.

6. Тенденција за компромис
Таа е свесна дека на еден или на друг начин, сите ние сме различни, но за да може врската да опстои потребно е двајцата партнери да покажат разбирање и склоност кон компромис, како би се нашле на половина пат и би уживале во нивната љубов.

Прегледи:
420
Објавено на:
31.10.2019