Категории

6 тајни за убавина на Ангелот на Victoria’s Secret – Сара Сампајо

Популарниот португалски модел Сара Сампајо веќе важи за една од најубавите жени во светот. Таа исто така е позната по тоа што многумина ја споредуваат со Адриана Лима и дека наскоро ќе го завземе нејзиното место помеѓу главните Ангели на Victoria’s Secret.

На големо барање на бројни обожаватели познатата убавица ги откри своите ултимативни тајни за убавина кои ги практикува секој ден..

Таа откри дека ја мие својата коса секој ден. Особено важно во негата на косата е добрата фризура и добриот кондиционер. 

„Работам секој ден и број ите фотосесии бараат мојата коса постојано да биде стилизирана со секакви хемикалии, кога ќе си дојдам дома првото нешто што го правам е нивно отстранување со благ шампон и кондиционер.
Секогаш внимавам да легнам со чиста коса бидејќи продуктите предизвикаат акни на мојата кожа.“

Ангелот откри дека обожава масажи на телото а особено на сѕапалата, и вели дека во тоа се крие тајната на здравиот дух и тело. 

„Напорната работа и патувањето во неколку различни градови во еден ден предизвикува голем стрес, а релаксирачката масажа на крајот на денот е вистинскиот лек.“

Сара обожава експериментирање и вели дека секогаш сака да изгледа поиналу на црвениот тепих.

‘Сакам да пробувам различни фризури и makeup изгледи, само така најлесно можат да дојдам до она кое најповеќе ми одговара и да избегнам модни грешки..’

„Ако би требала да изберам еден најомилен beauty продукт тогаш тоа сигурно е хајлајтер.
Тој прави кожата да изгледа здраво и свежо, дури и кога немам многу време да направам целодна шминка, ставам малку хајлајтер на врвот на јаболкниците, над усните, носот, под веѓите и во аголот на очите и веќе сум спремна…“

Она кое е особено важно кај негата на кожата е нејзино третирање според годишните времиња, вели Сара. Таа користи различни козметички произвлди во есен и зима а различни во пролет и лето.

Кожата бара различна нега според времето, кога е студено користам производи кои ја зголемубаат нејзината хидратантност, додека во лето кога кожата лачи повеќе се ум користам производи кои го редуцираат неговото производство. Исто така секогаш користам крем со заштитен фактор кога излегувам од дома.“

Тајната на нејзината прекрасна коса се крие во мароканското масло, откри Сара. И секогаш со себе носи мало шишенце.

Прегледи:
453
Објавено на:
30.06.2017